Спорт
Ѓоковиќ мора да сруши делови од вилата
Новак Ѓоковиќ и шпанските власти најдоа решение, за вилата на тенисерот во Марбеља.
Покрај казната што српскиот тенисер ќе мора да ја плати, тој ќе мора да отстрани одредени помошни објекти за кои немал градежна дозвола.
„Ла Опин де Малага“ пишува дека проблемот е всушност тремот, надворешниот туш и пренамената на подрумот во гаража.
„Во февруари 2025 година, општината го предупреди српскиот ас да ги отстрани неправилностите во рок од два месеци – што не се случи. Ова е трета казна откако купи вила во Марбеља во 2020 година, а вкупната сума сега изнесува 15.000 евра“, пишува „Нова“.
Ве потсетуваме дека Ѓоковиќови се заљубиле во вилата додека престојувале во Марбеља како закупци, плаќајќи околу 10.000 евра неделно. во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Динамо во 102-та минута се спаси од пораз во дербито со Хајдук
Најголемото хрватско дерби, меѓу Динамо и Хајдук во 16-то коло од СуперСпорт ХНЛ заврши 1:1.
Натпреварот имаше неверојатен тек, Динамо доминираше речиси 70 минути, но не успеа да поведе, додека по интервенцијата на ВАР, на „модрите“ им беа поништени гол и пенал.
После тоа, Шего го шокираше „Максимир“ во 68-та минута и Хајдук беше на дофат на голема победа, но Арбер Хоџа ги постави конечните 1:1 во 12-тата минута од судиското продолжение.
По ова лудо дерби, Динамо го задржа првото место на табелата со бод повеќе од второпласираниот Хајдук.
Спорт
ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години
ФИФА одлучи да врати правило кое не се применуваше на Светските првенства 20 години.
Во петокот, во Вашингтон се одржа ждрепката за групната фаза на Светското првенство, кое ќе се игра во јуни и јули 2026 година.
Ова ќе биде првото светско првенство со 48 репрезентации, кои се поделени во 12 групи од по четири екипи.
Првите две репрезентации од секоја група се пласираат во нокаут фазата, како и осумте најдобри третопласирани екипи.
ФИФА реши да воведе промена во одредувањето на пласманот во групата. Имено, ФИФА одлучи да врати правило кое не се користеше на СП 20 години, од Мундијалот во 2006 година во Германија.
Првиот критериум за одредување на рангирањето (доколку екипите се изедначени) повеќе нема да биде вкупната гол-разлика во групата, туку меѓусебниот дуел. На последните четири Светски првенства за пласманот на табелата решаваше гол-разликата.
Секако, при одредувањето на најдобрите третопласирани репрезентации, прво ќе се гледаат освоените бодови, а потоа и вкупната гол-разлика.
Foto/ EPA
Спорт
Ферстапен на стартот пред Норис и Пјастри
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Абу Даби, последната трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдобрата стартна позиција на патеката „Јас Марина“ со време од 1:22.207 минути, две десетинки пред Ландо Норис во Мекларен.
Двајцата, инаку главни претенденти за титулата, беа следени од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше 28 илјадити зад својот тимски колега.
Трката од вториот ред, веднаш до Пјастри ќе ја започне Џорџ Расел од Мерцедес.
На стартот, во третиот ред се Шарл Леклер (Ферари) и ветеранот од Астон Мартин, двократниот шампион, Фернандо Алонсо.
Во првите десе место на стартот изборија: Габи Бортолето (Заубер), Естебан Окон (Хас), Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Јуки Цунода (Ред Бул).
Норис е лидер во генералниот пласман со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Пјастри. Доколку Ферстапен утре победи, Норис треба да биде најмалку трет за да ја освои титулата.
Трката за Големата награда на Абу Даби ќе започне во 14 часот.
Foto/ EPA

