Спорт
Голманот Хендерсон частел по триумфот над Ливерпул

Само неколку часа откако беше еден од хероите во победата на Кристал Палас против Ливерпул во англискиот Суперкуп, голманот Дин Хендерсон повторно ги воодушеви навивачите.
По натпреварот, Хендерсон влегол во локален паб каде што се собираат навивачите на Кристал Палас и ги почестил сите присутни.
Тој влегол во пабот со победничкиот медал околу вратот и, според англиските медиуми, оставил 1.000 фунти кај келнерите за да ги плати пијалоците на сите.
Бројни навивачи на лондонскиот клуб го искористија моментот за да се фотографираат со ѕвездата на Палас. Во неделата на Вембли, Кристал Палас го победи Ливерпул со подобро изведување на пенали и го освои англискиот Суперкуп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола ги жртвува Грилиш и Савињо за играч вреден 100 милиони евра

Манчестер сити работи напорно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Пеп Гвардиола е на патот да донесе скапо заилување.
Пеп Гвардиола веќе му кажа на Џек Грилиш дека повеќе не смета на него, а сега Савињо е слободен да бара нов клуб, по само една сезона помината во синиот дрес.
Замената е подготвена и воопшто не е евтина. Станува збор за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. „Кралскиот клуб“ е подготвен да преговара, но бара 100 милиони евра.
Парите не се проблем за Сити, па затоа договор меѓу двете страни би можел да се постигне во наредните денови.
Родриго е незадоволен од својата улога и минутажа во Реал веќе некое време, па ова би можело да биде добра зделка за трите страни.
Бразилецот постигна шест гола и асистираше исто толку пати на 30 натпревари во Примера минатата сезона. Неговиот договор со Реал истекува во 2028 година.
Спорт
Витсел како слободен играч се пресели во Џирона

Аксел Витсел (36) како слободен играч го напушти Атлетико Мадрид. Се очекуваше да потпише договор со Удинезе, но во последен момент ја смени одлуката. Белгиецот реши да остане во Шпанија.
Аксел Вотсел наредната сезона ќе го носи дресот на Џирона. Тој ќе потпише двегодишен договор со каталонскиот клуб. Изминатите три сезони ги помина во Атлетико Мадрид, за кој одигра 116 натпревари и постигна три гола.
Спорт
Спарс замената за Сон ја најдоа на „Етихад“

Тотенхем експресно најде замена за Сон. Клупската легенда по 10 години го напушти клубот и се пресели во Лос Анџелес. Замената за Сон треба да биде крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо.
Бразилецот дојде во Сити минатата сезона. Во 48 натпревари постигна само еден гол, но запиша 13 асистенции.
Тотенхем ја испрати првата понуда. Таа изнесува 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што „граѓаните“ му ја платија на Троа минатото лето. Сити ја одби првата понуда со образложение дека сака повеќе.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, бидејќи Бразилецот сака трансфер, со оглед на тоа што не му е загарантирано место во првата поставата.