Свет
Акции во духовни центри во Шпанија: Пронајдена ајахуаска, отров од жаби

Шпанската полиција уапси три лица и заплени 11 литри ајахуаска, 117 кактуси Сан Педро и неколку шишиња со отров од крастава жаба. Акциите беа извршени на две рурални имоти кои служеле за организирање профитабилни духовни ретрити, каде на учесниците им биле ветувани астрални патувања, јавува „Гардијан“.
Полицијата на Цивилната гарда почнала истрага пред пет месеци во општината Педрегер, провинција Аликанте, по пријава од поранешен клиент. Откриено е дека центарот, кој онлајн се рекламирал како наградуван и меѓународно признат духовен центар, организирал одмори со традиционална медицина, кои биле особено популарни кај посетителите од Европа.
„Пакетите од три и пет дена чинеле во просек по 1.000 евра и вклучувале сместување, поддршка и супстанци кои се конзумираат“, соопшти полицијата. Ретритите собирале групи од по 20 луѓе, кои ги следеле шест лица вработени како водичи за „астралните патувања“.
Таквите собири се одржувале неколку пати неделно, па истражителите проценуваат дека групата во последната година заработила стотици илјади евра. Поголемиот дел од уплатите биле во кеш, непријавени, а парите се префрлале на многу банкарски сметки во различни земји со цел да се сокрие потеклото.
Опасни услови и забранети супстанции
Во моментот на рацијата во центарот биле присутни 16 лица. Цивилната гарда извести дека центарот немал потребна опрема за справување со можни случаи на труење, а подготовките биле правени во „импровизиран, примитивен лабораториски простор без основни хигиенски мерки“.
Портпаролот на Цивилната гарда изјави дека ајахуаска, кактус Сан Педро и отровот од жабата се забранети супстанци во Шпанија, додавајќи дека нивната консумација не е одобрена бидејќи иако се со природно потекло, може да бидат исклучително опасни за човечкото здравје. Полицијата објави фотографии од голема просторија исполнета со душеци, канти и марамчиња каде се одвивале „астралните патувања“.
Уапсени се двајца мажи и една жена, за кои се сомнева дека се лидери на групата, додека уште пет лица што работеле како „духовни водичи“ се под истрага. Сите се сомничат за кривични дела трговија со дрога, перење пари и припадност на криминална организација. Полицијата исто така заплени 945 таблети Риталин и разни билни производи, кои се испратени на лабораториска анализа.
Иако Цивилната гарда не извести дека некој физички бил повреден, предупредија: „Ајахуаска, кактус Сан Педро и отровот од жаба се природни производи кои може да бидат многу штетни за луѓето, а нивните ефекти се тешко предвидливи бидејќи зависат од различни фактори, како метаболизмот на поединецот и применетата количина. Ризикот се зголемува кога отровните супстанци ги користат лица без медицинска обука и кога се произведуваат на домашен начин.“
Што е ајахуаска?
Ајахуаска е силен психоделичен напиток кој се користи со векови во духовни и ритуални практики на домородните племиња од Амазонија, особено во Перу, Бразил, Колумбија и Еквадор.
Тој делува на психата и телото, предизвикувајќи интензивни визии, емотивни и интроспективни искуства, но и физички реакции како повраќање и дијареја. Може да предизвика тешки психички реакции, да ги влоши менталните болести, да биде опасно во комбинација со одредени лекови и во непрофесионални услови. Во многу земји е забранета или строго регулирана поради присуството на ДМТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Илон Маск – првиот полубилионер во светот

Илон Маск, директорот на компанијата „Тесла“, е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 500 милијарди долари (околу 425 милијарди евра).
Богатството на Маск накратко достигна 500,1 милијарда долари во попладневните часови на 1 октомври, по њујоршко време, за пред малку да падне на нешто над 499 милијарди долари, според листата на милијардери на Форбс.
Покрај „Тесла“, вредностите на другите компании на Маск исто така се зголемија, како што се стартапот во областа на вештачката интелигенција xAI и компанијата SpaceX.
Сето ова дополнително го зајакнува статусот на Маск како најбогат човек во светот, далеку пред конкурентите во глобалниот технолошки сектор.
Втор најбогат човек во светот моментално е Лари Елисон, основачот на технолошката компанија „Оракл“, чие богатство се проценува на околу 350,7 милијарди долари.
Елисон накратко го престигна Маск минатиот месец, кога акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40 проценти, по оптимистичките деловни прогнози во областа на вештачката интелигенција.
Огромното богатство на Маск е главно поврзано со неговиот удел од над 12 проценти во „Тесла“, чии акции значително пораснаа оваа година.
Во среда, на затворањето на берзата во Њујорк, акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 3,3 проценти, а од почетокот на годината забележаа раст од повеќе од 20 проценти.
Инвеститорите позитивно реагираат на фактот дека Маск во последно време повеќе се посветува на своите компании, а помалку на политиката.
Неодамна, тој беше цел на критики за неговата работа со администрацијата на Трамп, првенствено со Одделот за владина ефикасност, кој беше задолжен за намалување на владините трошоци и бројот на вработени во јавниот сектор.
Маск, кој е и сопственик на социјалната мрежа Икс, често јавно ги искажува своите ставови за теми како што се имиграцијата и Програмата за разновидност, еднаквост и вклучување (DEI), што исто така предизвикува големо внимание.
Тој сега е целосно посветен на „Тесла“, изјави Робин Денолм, претседател на Управниот одбор на „Тесла“, во септември.
Управниот одбор, исто така, објави бонус од една милијарда за Маск ако постигне многу амбициозни цели во следните десет години.
За да го постигне ова, тој би морал да ја зголеми вредноста на „Тесла“ осум пати, да продаде милион роботи базирани на вештачка интелигенција, дополнителни 12 милиони автомобили и да исполни голем број други барања.
Минатиот месец, Маск објави дека купил акции на „Тесла“ во вредност од околу една милијарда долари, што многу инвеститори го протолкуваа како знак на доверба во иднината на компанијата.
Сепак, во последните години, „Тесла“ се соочи со сериозна конкуренција, првенствено од кинескиот гигант BYD, како и со предизвици поврзани со трансформацијата во компанија што се занимава со вештачка интелигенција и роботика.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Цврсто ќе ја бранам позицијата на Унгарија за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека на самитот во Копенхаген „цврсто ќе стои зад унгарската позиција“ за Украина, посочувајќи дека лидерите на ЕУ сакаат да финансираат испораки на оружје и да го забрзаат пристапувањето на Украина во Унијата.
„Копенхаген, втор ден. Ситуацијата е сериозна. На маса има отворени предлози за војна. Тие сакаат да ѝ ги предадат средствата од ЕУ на Украина. Тие се обидуваат да го забрзаат пристапувањето на Украина со секакви правни трикови. Тие сакаат да ја финансираат испораката на оружје“, рече унгарскиот премиер на социјалните мрежи и нагласи дека „цврсто“ ќе стои зад унгарската позиција, објави Ројтерс.
По вчерашниот неформален самит на лидерите на ЕУ со фокус на заедничката одбрана и поддршката за Украина, денес во Копенхаген ќе се одржи самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе се дискутира за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата, со учество на околу 40 шефови на држави или влади.
Фото: принтскрин
Свет
Израел објави фотографии од активистите: Пловат кон Израел, ќе ги депортираме во Европа

Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, пловат безбедно и мирно кон Израел, каде што ќе започне нивната постапка за депортација во Европа.
„Сите се безбедни и во добра здравствена состојба“, објави израелското Министерство за надворешни работи. Грета Тунберг е, исто така, на една од фотографиите.
Hamas-Sumud passengers on their yachts are making their way safely and peacefully to Israel, where their deportation procedures to Europe will begin. The passengers are safe and in good health. pic.twitter.com/pzzitP5jN8
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 2, 2025
Само еден од 44-те бродови во флотилата сè уште плови кон Газа. Според флотилата, 40 бродови биле пресретнати од израелски војници, два брода за логистичка поддршка претходно отстапиле од својот курс, додека бродот што влегол во територијалните води кај Газа не се поместил со часови.
Индекс.хр објави дека бродот „Ширин“, кој им обезбедува правна помош на бродовите во флотилата, вчера морал да отстапи од својот курс и денес е во мирување. Капетан на бродот е хрватската адвокатка Морана Миљановиќ. Според флотилата, израелските војници не се качиле на овој брод.
Исто така, сите преноси во живо од бродовите на флотилата се исклучени.