Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар.
Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако налогот важел само за претрес, а не и за лишување од слобода. Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка против началникот.
Градоначалникот, претходно, ја разреши Лозановска по налог на Просветниот инспекторат, поради утврдени неправилности во работењето. Од МВР соопштија дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“.
Регион
(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од Подгорица, во населбата Пипери. Пожарот голта сè пред себе, а пожарникарите се борат дење и ноќе за да ги локализираат пожарите. Гаснењето пожари се врши и од воздух, јавуваат регионалните медиуми.
Снимките од гаснењето пожари со помош на хеликоптер над Црна Гора покажуваат колку се драматични сцените, додека чадот ја отежнува видливоста. Пожарникарите вложуваат максимални напори за да го стават пожарот под контрола.
Пожарите што избувнаа на неколку локации околу Подгорица синоќа сѐ уште се активни утрово, а според „Вјести“, најкритичниот е сè уште во Пипери, каде што синоќа избувна ново жариште во Дрезга и во Церовице.
View this post on Instagram
Во текот на ноќта во близина на Чањ пожарот повторно се разгоре поради силни ветрови, густ чад се шири во сите правци, а ветрот дополнително придонесува за ова. Според сателитските податоци од „Гугл мапс“, се проценува дека изгореле 12 квадратни километри.
Пожарите во Црна Гора избувнаа кога автомобил се запали во Буљарица. Пожарот се прошири на непристапен терен и стигна до Чањ, а потоа и до други места.
Македонија
Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод.
Според последниот извештај за состојбата со пожарите, до 7 часот, активен е само тој пожар, а гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во Општина Кичево кај селата Челопеци и Миокази, а изгаснати се 14 пожари.