Спорт
(Видео) Спектакуларен гол го елиминира Партизан од Конференциската лига, испадна и Хајдук

Регионалните великани Партизан и Хајдук од Сплит не успеаја да ја минат третата рунда во квалификациите за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Партизан испадна од Хибернијан, а Хајдук од Динамо Тирана.
Двата тима испаднаа по продолженијата, откако во раната фаза на второто полувреме останаа со играч помалку.
Во Единбург, Партизан во 90.минути победи со 3:1, го изедначи резултатот во вкупниот скор со голот на Костиќ во 95.минута. Надежите на црно-белите ги урна Каден во 100.минута.
Мечот го обележа спектакуларниот гол на Боуви во 60.минута, кога во тој момент ја намали предноста на гостите на 1:2.
Хајдук во Тирана доживеа пораз од 3:1. Во регуларниот тек Динамо ја анулираше предноста од еден гол. Во 99.минута Хајдук изедначи, а потоа со играч помалку во две минути доживеа дебакл, во 109. и 111. минута за Тирана погодија Кардаку и Бериша.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебо пристигна на „Маракана“ – Нигериецот ја засили Црвена звезда

Френклин Тебо Учена е новото засилување на Црвена звезда, објави спрскиот шампион на социјалните мрежи.
Тебо, кој игра на позицијата стопер, потпиша тригодишен договор со црвено-белите, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Финансиските детали не се откриени, медиумите шпекулираат дека црвено-белите платиле 2.700.000 евра. Тебо на грбот ќе го носи бројот 30.
Роден е на 15 јануари 2000 година во Абуџа, Нигерија. Во Европа пристигна од Насарава јунајтед. Играше за Хаекен во Шведска, а потоа стана играч на Сарпсборг во 2023 година. Одигра 60 натпревари за норвешкиот тим и постигна пет гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мареска побара да му донесат уште еден централен дефанзивец

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, сака да доведе уште еден централен дефанзивец пред крајот на преодниот рок.
Повредата на Ливај Колвил целосно ги наруши плановите на Мареска, бидејќи тој беше најстандарден стопер во тимот. Точно е дека Фофана се врати по долга пауза и уште една сериозна повреда, но прашањето е дали може да се натпреварува во овој момент.
„Клубот знае што мислам. Логично е дека сакам уште еден стопер по повредата на Колвил. Ќе видиме кои се нашите опции“, рече Мареска пред почетокот на Премиер лигата и натпреварот со Кристал Палас.
Сепак, медиумите објавуваат дека Челзи ќе купи нов стопер само ако Аксел Дисаси или Беноа Бадијашил си заминат.
Засега, единствениот сигурен стопер е Тосин Адарабиојо, додека можно е негов партнер во одбраната да биде засилувањето од Ајакс, 19-годишниот Хато.
Челзи ја отвора сезоната во недела во 15:00 часот кога ќе го пречека Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“.
Foto/ EPA/Jakub Kaczmarczyk
Спорт
Рома води во трката за потписот на Санчо

За Џејдон Санчо нема место во Манчестер јунајтед. Крилниот напаѓач минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи, ја освои Конференциската лига, но „сините“ решија да не го откупат неговиот договор. Бидејќи се откажаа му платија осум милиони евра на Манчестер јунајтед.
До крајот на летото Санчо ќе има нов клуб, а според информациите најблиску е до преселба во Рома.
Римјаните тргнаа во офанзива по потписот на Санчо, откако преговорите со Јувентус, а претходно и со Наполи беа неуспешни. Во еден момент, Борусија Дортмунд исто така беше сериозна опција, но Германците не беа конкретни со својата понуда.
Јунајтед е подготвен да го пушти на позајмица, но со задолжителен откуп следното лето. Наводно, Јунајтед бара 20.000.000 фунти, или околу 23.000.000 евра, но следното лето, до кога Рома би го покрила поголемиот дел од приходите на Санчо.
Новиот тренер Џанпјеро Гасперини веројатно верува дека може да го разбуди Санчо и да го искористи неговиот талент.
Фото/ Принтскрин