Црна хроника
На „Ќафасан“ приведено лице со мерка за издржување затворска казна
На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар.
– По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицето, додаде, е спроведено во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

