Спорт
(Видео) Победата на Барселона кај Мајорка во сенка на судиските одлуки
Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера.
Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес.
Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути.
Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во седмата минута, но домашните сметаа дека голот е нЈрегуларен. На почетокот од акцијата, се чини дека топката излезе надвор, пред Ламин Џамал да ја собере и да ја продолжи играта.
El gol de Raphinha viene de un balón que recupera Lamine Yamal que sale por banda.
Es una vergüenza de LIGA desde el primer partido 🤢🤢🤢🤢pic.twitter.com/ZGqXVU305s
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) August 16, 2025
Во 23-та минута, Феран Торес, постигна гол од околу дваесет метри, но откако претходно судијата не ја прекина играта бидејќи еден играч на Мајорка остана да лежи на теренот откако топката го погоди во главата.
Судијата Мунуера беше во центарот на вниманието во судиското продолжение од првото полувреме, кога го казни Рафиња за особено остар и невнимателен старт само со жолт картон.
Comment tu met pas rouge à Raphinha là ??? pic.twitter.com/AdcTnSratT
— Kenpachi (@Kenpachi1070) August 16, 2025
Не беше реално Мајорка да му наштети на шампионот во вториот дел со деветмина на теренот. .
Јамал го постави конечниот резултатво четвртата минута од судиското продолжение.
Барселона ќе го пречека Леванте во следната рунда, додека Мајорка ќе ја пречека Селта Виго.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos

