Црна хроника
Пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча и го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист.
Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.