Спорт
Валтери Ботас ќе вози Кадилак
Познатиот фински возач Валтери Ботас ќе биде дел од Кадилак во Формула 1 следната сезона.
Тимот на Кадилак официјално се приклучува на караванот на Формула 1 во 2026 година, а нивниот прв возач ќе биде Валтери Ботас.
Како што објавија „Formula.hu“ и „Racingnews365“, финскиот возач и поранешен член на Заубер, Алфа Ромео, Мерцедес и Вилијамс ќе биде официјално претставен како нов возач на Кадилак следната недела.
Ботас е поврзан со Кадилак веќе некое време, но се верува дека тимот прво ќе направи неколку тестови со стариот автомобил на Ферари и ќе направи чекор кон следната сезона со познатиот Финец.
Кадилак моментално го води Греам Лаудон, кој добро го познава Ботас. Во последните години, Лаудон работеше како менаџер на Гванџу Џо, кој возеше заедно со Ботас три години во Алфа Ромео пред двајцата да се повлечат од гридот на крајот на минатата година.
Ботас се врати во Мерцедес оваа сезона како резервен возач и учествуваше во тестирањето, додека му помагаше на Кими Антонели за време на неговата дебитантска сезона во Ф1.
Сè уште не е познато кој ќе биде вториот возач на Кадилак, како потенцијални опции се споменуваат двајца поранешни возачи на ред Бул, Серхио Перез и Даниел.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа
Foto/ EPA
Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата.
Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград.
Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри шанси, но не реализираа ниту една. Малме во текот на целиот меч само еднаш сериозно му се закани на голманот Матеус.
Црвена звезда во последното коло влегува со 13 поени и обезбеден пласман во плејофот, а со евентуална победа над Селат во Белград, наредниот четврток, веројатно ќе обезбеди и место во Топ 8.
Резултати:
Болоња – Селтик 2:2 (0:2)
/Далига 58, Роу 72 – Хате 6, Трасти 40/
Бран – Митјиланд 3:3 (1:2)
/Холм 19, Корнвиг пен 68, Солвет пен 90+10 – Ерлиќć 4, 70, Брумадо 31/
Фенербахче – Астон Вила 0:1 (0:1)
/Санчо 25/
Феенорд – Штурм 3:0 (1:0)
/Ватанабе 5, Хаџ Муса 69, Борхес 90/
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0 (0:0)
/Матановиќ 82/
ПАОК – Бетис 2:0 (0:0)
/Живковиќ 67, Јакумакис пен. 86/
Викторија Пилсен – Порто 1:1 (1:0)
/Черв 6 – Џул 90/
Јанг Бојс – Олимпик Лион 0:1 (0:0)
/Мејтланд Најлс 45+1/
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Норвешка во трилер завршница ја победи Шпанија
Норвешка, во ново формираната Група 1, на Европското првенство ја победи Шпанија со 35:34.
Шпанија, во најголем дел го контролираше натпреварот во Хернинг, меѓутоа Норвежаните беа подобри во финишот, мога анулираа минус од два гола и го презедоа водството.
Голот за победа го постигна Сагосен на 12 секунди до крајот. Шпанија имаше напад за реми, меѓутоа во ситуација шест на четири (Норвашека имаше двајца играчи помалку), Фернандез од чиста позиција се обиде да фрли цепелин за Абељо, топката ја пресече најдобриот Норвежанец, Педерсен.
Судиите, во таа ситуација прво досудија седмерец за Шпанија, но откако го прегледаа видеото, ја променија својата одлука и ја прогласија победата на Норвежаните.
Педерсен го предводеше својот тим со 11 голови, Грендал и Сондал постигнаа по пет. Гомеш Абељо со осум и Алекс Душебаев со шест гола беа најефикасни во редовите на Шпанија.
Норвешка сега има два бода, а Шпанија остана без бодови и без шанси за пласман во полуфиналето.
Foto/ EPA

