Спорт
Милан испратиле понуда за Бонифејс

Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез.
Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер Леверкузен за нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс (24). Според овие извори, Милан за се подготвени да им платат на „аптекарите“ околу 30 милиони евра отштета.
Наводно, челниците на Милан и Бонифејс веќе постигнале договор за платата, а се чека „зелено светло“ од германскиот клуб.
Нигериецот е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Унион Берлин, а пред да дојде во Германија играше и за норвешки Бодо/Глимт, кипарски Лефке и нигериски Реал Сафир. Тој одигра 13 натпревари за нигериската репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Даглас Луиз се сели во Нотингем Форест

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми.
Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции.
Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден од најлошите трансфери во историјата на славниот клуб од Торино.
Ни Тијаго Мота, ни Игор Тудор не успеаја да го извлечат максимумот од Далглас Луиз.
Иако неговиот договор е важечки до јуни 2029 година, Јуве одлучи дека е најдобро да го продаде додека сè уште може да добие значителна отштета за него. Иако раководството на „Старата дама“ се надеваше на сума од 40 милиони евра, се чини дека ќе се согласат со понудените 30 милиони, тврдат италијанските медиуми.
Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со „шумарите“, а би имал поголема плата отколку во италијанскиот клуб.
Спорт
Македонија со победа ги заврши мундијалските предквалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа го заврши претквалификацискиот циклус за Светското првенство. Вечерва цо СРЦ Кале во Скопје, Македнија ја победи Унгарија со 82:75. Првата победа, забележана во последното коло, не беше доволна Македонија да влезе во мундијалските квалификации, таму ќе играат Романија и Унгарија.
Македонија одигра добар меч против Унгарците. Со исклучок на воведните минути, Македонија го контролираше натпреварот. По водството на Унгарија (12:15), Македонија одговори со серија од 11:0 и до крајот не го испушти водството.
Во последниот период Македонија ја достигна и највисоката предност од 17 поени (76:59).
Вајле ја предводеше Македонија со 23 поени, по 14 постигнаа Митревски и Ташковски.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Валтери Ботас ќе вози Кадилак

Познатиот фински возач Валтери Ботас ќе биде дел од Кадилак во Формула 1 следната сезона.
Тимот на Кадилак официјално се приклучува на караванот на Формула 1 во 2026 година, а нивниот прв возач ќе биде Валтери Ботас.
Како што објавија „Formula.hu“ и „Racingnews365“, финскиот возач и поранешен член на Заубер, Алфа Ромео, Мерцедес и Вилијамс ќе биде официјално претставен како нов возач на Кадилак следната недела.
Ботас е поврзан со Кадилак веќе некое време, но се верува дека тимот прво ќе направи неколку тестови со стариот автомобил на Ферари и ќе направи чекор кон следната сезона со познатиот Финец.
Кадилак моментално го води Греам Лаудон, кој добро го познава Ботас. Во последните години, Лаудон работеше како менаџер на Гванџу Џо, кој возеше заедно со Ботас три години во Алфа Ромео пред двајцата да се повлечат од гридот на крајот на минатата година.
Ботас се врати во Мерцедес оваа сезона како резервен возач и учествуваше во тестирањето, додека му помагаше на Кими Антонели за време на неговата дебитантска сезона во Ф1.
Сè уште не е познато кој ќе биде вториот возач на Кадилак, како потенцијални опции се споменуваат двајца поранешни возачи на ред Бул, Серхио Перез и Даниел.
Фото/ Принтскрин