Контакт

Македонија

Раст на индустриското производство од 13,1 отсто во октомври

Објавено пред

Индексот на индустриското производство во Македонија во октомври бележи зголемување од 13,1 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени во петокот.

dobivaj vesti na viber

 

 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година бележи опаѓање  на годишно ниво од 6,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 18,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,4 отсто.

 

Според главните индустриски групи, производството во октомври во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 отсто, Капитални производи за 27,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 14,2 отсто.

 

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 3,6 отсто. /крај/мф/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства

Објавено пред

Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 1 април, со исплатата на мартовската пензија. Првиот дел, од 2.500 денари, веќе беше исплатен во октомври. Власта истакнува дека за овие средства се обезбедени доволни ресурси во Буџетот и дека не очекуваат никакви проблеми со пензискиот фонд, додавајќи дека стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) е загарантирана. Се очекува ПИОМ да биде стабилен во наредните шест до седум години, додека не започнат исплатите од Вториот пензиски фонд.

dobivaj vesti na viber

За 2025 година, во Буџетот се предвидени 105,5 милијарди денари за исплата на пензиите, што вклучува средства за најавеното зголемување од 2.500 денари. Директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, изјави дека ќе се продолжи со краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетскиот дефицит. Тој очекува пораст на приходите од придонеси, додека стапката на пензиско осигурување ќе остане на 18,8 проценти.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека целосното исполнување на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите ќе создаде дополнителен притисок врз буџетот, со дополнителен трошок од околу 200 милиони евра годишно. Според нив, ваквите ад-хок решенија треба да се избегнуваат, бидејќи постојат системски прилагодувања на пензиите два пати годишно, кои, иако оправдани поради зголемената инфлација, можат да предизвикаат фискални потешкотии.

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија го поздрави зголемувањето на пензиите, нагласувајќи дека секое зголемување е добредојдено за пензионерите, но истовремено истакнаа важноста од очувување на фискалната стабилност на ПИОМ за да се обезбеди редовна исплата на пензиите.

Зголемување на старосната граница за пензионирање: предлогот на Фискалниот совет
Од Фискалниот совет на Македонија дојде предлог за зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и жени, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на ПИОМ. Во нивното мислење, предложено е ова зголемување да влезе во сила од 2026 година, истовремено зголемувајќи ја стапката на пензиско осигурување за 0,7 проценти, односно на 19,5 проценти.

Премиерот Христијан Мицкоски категорично одби вакви мерки во новогодишното интервју, истакнувајќи дека неговата влада нема да ја зголемува старосната граница ниту ќе ги зголемува придонесите за пензиско осигурување. Тој нагласи дека приоритет ќе биде борбата против сивата економија и намалување на даночната евазија за да се соберат повеќе средства во Буџетот.

Синдикатите и експертите против зголемувањето на старосната граница

Од Сојузот на синдикати на Македонија изразија противење на предлогот за зголемување на старосната граница. Според нив, пензиските реформи треба да се прават врз основа на сеопфатни анализи, а не со избрзани одлуки. Наместо продолжување на старосната граница, предлагаат воведување на повеќе услови за пензионирање, како што се пензионирање по навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години за жени, воведување бенефициран стаж за работници кои работат во тешки услови и други мерки.

Експертите, пак, предупредуваат дека зголемувањето на старосната граница нема брзо да реши проблемите со пензискиот фонд и дека резултатите од таквото решение ќе се видат по неколку години. Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ смета дека укинувањето на даночните ослободувања и зголемувањето на стапката на придонесите за пензиско осигурување ќе имаат поголем ефект врз стабилноста на ПИОМ.

Европски трендови: зголемување на старосната граница за пензионирање

Во некои европски земји, како што се Белгија и Германија, веќе се спроведуваат слични мерки за зголемување на старосната граница, со цел да се адаптираат на демографските промени и да се обезбеди финансиска стабилност на пензиските фондови. Ваквите промени, според експертите, ќе бидат неопходни и во Македонија во иднина, но не пред сè, бидејќи животниот век е значително понизок отколку во западноевропските земји.

Овој тековен предизвик во Македонија ги поставува важните прашања за долгорочната одржливост на пензискиот систем и потребата од реформи кои ќе ги земат во предвид сите аспекти на економијата и општеството.

Прикажи повеќе...

Економија

Обединетите нации: Цените на храната паднаа во декември, шеќерот најмногу

Објавено пред

Цените на храната благо паднаа во декември 2024 година, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житните култури, објави денеска Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).

dobivaj vesti na viber

Индексот на цените на ФАО за кошничката со основните прехранбени производи во просек изнесуваше 127,0 поени во декември, што е за 0,5 отсто помалку од ноември, пресмета ФАО. Сепак, во споредба со декември 2023 година, цените на храната се повисоки за 6,7 отсто.

Во текот на 2024 година кошничкта со основните прехранбени производи беше поевтина за 2,1 отсто, при што значително пониските цени на житните култури и на шеќерот го надминаа поскапувањето на растителните масла, млекото и млечните производи и месото. Цените на шеќерот паднаа најмногу во декември, 5,1 отсто во однос на ноември, благодарение на подобрените прогнози за жетвата на водечките производители. Во однос на декември претходната година неговите цени се пониски 10,6 отсто.

Млекото и млечните производи во декември поевтини од ноември, а поскапи од лани на глобално ниво

Забележливо падна и цената на млекото и млечните производи во последниот месец од минатата година, 0,7 отсто во однос на ноември. Нивните цени се намалија првпат од април под притисок на пониските цени на путерот поради намалената побарувачка и акумулираните резерви. Во однос на декември минатата година, цените на млекото и млечните производи се повисоки 17 отсто, а во текот на 2024 година се зголемени во просек 4,7 отсто.

Цените на житото се задржаа на нивото од претходниот месец во декември. Во однос на декември 2023 година тие се за 9,3 отсто пониски. Извозните цени на пченицата беа стабилни во декември како одраз на рамнотежата помеѓу намалената побарувачка и подобрената понуда во Аргентина и Австралија и лошите услови за културите на пченицата во Русија.

Цените на месото не се зголемија многу

Цените на пченката благо пораснаа благодарение на благо подобрениот извоз во САД во услови на намалена понуда и силна побарувачка за украинскиот извоз. Во текот на минатата година цените на житните култури беа во просек за 13,3 отсто пониски од 2023 година. Тие се намалија втора година по ред по рекордното ниво во 2022 година, забележува ФАО.

Растителните масла поевтинија за 0,5 отсто во декември во однос на ноември. Во споредба со крајот на 2023 година поскапеле 33,5 отсто. Во текот на целата 2024 година нивните цени беа во просек за 9,4 отсто повисоки од 2023 година поради намалената понуда, според ФАО. Месото беше исклучок на крајот на минатата година со месечен раст на цената од скромни 0,4 отсто. На годишно ниво неговите цени се зголемени 7,1 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања

Објавено пред

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата.

dobivaj vesti na viber

Овие податоци се особено значајни, бидејќи ја истакнуваат промената во навиките на граѓаните во насока на сѐ поголема употреба на платежните картички при иницирање на плаќањата, како и користење на решенијата за мобилно плаќање кај електронските кредитни трансфери (платните налози).

Во третиот квартал од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Трансакциите со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2% по број и за 13,6% по вредност. Овој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2%, како и растот од 8,8% на плаќањата преку терминалските уред ПОС.

Покрај тоа, забележан е и годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за 9,9%, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2%. Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Најзначајни се резултатите од употребата на апликациите за мобилно плаќање, кои покажуваат годишен раст од 50,2% во бројот на платежните трансакции споредено со истиот период од 2023 година. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65% од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за иницирање на платежните трансакции.

Податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2024 година, освен што ги опфаќаат платежните трансакции на граѓаните во земјата, вклучуваат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата. За повеќе информации, податоците се достапни на следнава врска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и...

Македонија2 часа

Денеска е Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божиќ

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Овој празник ја...

Македонија2 часа

„Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска“, велат од партијата Левица

Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во...

Европа2 часа

Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што...

Регион2 часа

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во...

Македонија3 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија13 часа

СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата...

Македонија14 часа

Граѓани со часови останаа заглавени во колони, премрзнаа враќајќи се од Маврово, дел се со деца

Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово денеска останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот...

Топ18 часа

Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“

Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни...

Македонија21 час

Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите

Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето...

Европа21 час

Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт

Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА....

Македонија22 часа

Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се...

Македонија24 часа

Итно прогласување на кризна состојба поради отровно загадениот воздух во Скопје, бара Левица

Од партијата Левица изразуваат длабока загриженост за катастрофалната состојба со аерозагадувањето во Скопје, кој се наоѓа на врвот на светската...

Македонија1 ден

Утре се слави Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божик

Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Овој празник ја...

Македонија1 ден

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик...

Регион1 ден

Граѓаните на Црна Гора предале над 30 парчиња оружје во рамки на кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“

Во последните три дена, граѓаните на Црна Гора доброволно предале значителна количина оружје и муниција како дел од кампањата „Почитувај...

Македонија2 дена

(Видео) Трајановски: Ми се смееја кога ветив дека патот Крива Паланка-Страцин ќе биде готов до крај на 2024 година, извинете за доцнењето од три дена

Од Крива Паланка до Страцин, место половина час како досега, од денес се патува само десет минути, а од Куманово...

Свет2 дена

(Видео) Мистериозна болест ја пустоши Кина? Се појавија снимки од преполни болници

Кина, наводно, е опустошена од мистериозна вирусна епидемија, барем така изгледа врз основа на снимките што се појавија на социјалните...

Топ2 дена

23-годишната девојка од Грчец управувала со „Аудито“ кое излета во Вардар кај Рашче

23-годишната Н.А. била зад воланот на возилото „Ауди“ кое пред два дена излелета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката...

Економија2 дена

Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава има овластување да казнува со високи парични казни за пронајдени...