Спорт
HalkVeloGreen се враќа во Маврово на 8 септември, пријавувањата се во тек
На 8 септември, Маврово повторно ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со традиционалната хронометар велосипедска трка HalkVeloGreen, која Халкбанк веќе шеста година по ред ја организира во рамките на својата „зелена“ платформа ХалкЕко. Настанот е повеќе од спортска трка, тоа е ден исполнет со енергија, дружење, рекреација и уживање во природата.
HalkVeloGreen и годинава ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите учесници до рекреативци и професионални натпреварувачи. На учесниците им се нуди можност да се натпреваруваат во повеќе категории: Хоби, Млади и Деца.
Посебна атракција претставува и тимското рангирање, кое им овозможува на компании, клубови или групи пријатели заеднички да се пријават, со што настанот добива уште поголема спортска и забавна димензија.
Трката ќе се вози по живописната патека во Маврово, со должини од 12 и 22 километри, прилагодени според категориите. Стартна и звршна позиција е големиот паркинг пред спортската сала во Маврово, со патека која се протега покрај живописните предели до хотелот Радика и назад. Пријавувањето за трката се врши онлајн преку www.trki.mk и трае до 3 септември 2025 година, или до пополнување на предвидениот број места. Котизацијата изнесува 800 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за општествено корисни цели.
Секој учесник ќе добие богат стартен пакет кој вклучува стартен број со чип, медал за завршена трка, освежување, осигурување, подарок од Халкбанк, како и професионални фотографии од трката.
За најдобрите велосипедисти се предвидени и вредни награди. Во категоријата Хоби (мажи/жени) наградата за освоено прво место изнесува 15.000 денари, за второ место – 10.000 денари и за трето место – 5000 денари. Во категориите Деца и Млади наградите изнесуваат 10.000, 5000 и 3.000 денари. Најдобрите тимови ќе бидат наградени со дипломи и медали.
HalkVeloGreen е повеќе од спортска трка, таа е и вистински празник на спортот, природата и дружењето. Во текот на целиот ден, учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во свежиот воздух, убавините на Националниот парк Маврово и атмосферата исполнета со позитивна енергија. За забавниот дел од програмата ќе бидат задолжени Викса и ди-џеј Oki Doki, а за најмладите тука е и омиленото слонче Халки кое ќе им подготви интересни активности.
HalkVeloGreen има за цел да потсети дека велосипедизмот не е само спорт, туку и начин на живот – активен, здрав и еколошки одговорен. Со својата мисија да ги обедини спортот, еколошката свест и заедничкото дружење трката станува традиција што инспирира и остава белег.
Трката е поддржана организациски и од Велосипедската Федерација на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

