Спорт
(Видео) 15-годишник дебитираше во убедливата победа на Арсенал
Фудбалерите на Арсенал го декласираа Лидс со 5:0 во рамките на второт коло во Премиер лигата.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, одлучи да направи две измени во стартните 11 во споредба со натпреварот против Манчестер јунајтед. Јуриен Тимбер го замени Бен Вајт, додека Нони Мадуеке ја презеде стартната лево крилна позиција од Габриел Мартинели.
Виктор Ѓекереш постигна два гола на дебито пред домашната публика, Микел Артета е загрижен за повредите на Мартин Едегард и Букајо Сака, а за „тобџиите“ дебитираше 15-годишниот Макс Дауман.
Со 15 години и 229 дена, Дауман стана вториот најмлад дебитант во историјата на Премиер лигата, веднаш зад неговиот соиграч Итан Нванери, кој го имаше своето деби за Арсенал на 15 години и 181 ден.
Макс Роберт Дауман е на 31 декември 2009 година во Челмсфорд и веќе неколку години е најпознатото име на Академијата Хејл Енд, познатата школа на Арсенал за млади таленти.
Дауман го имаше своето деби за тимот на Арсенал до 18 години во септември 2023 година на само 13 години, а набрзо стана најмладиот играч во историјата на Премиер лигата 2, кога го имаше своето деби за тимот до 21 година на 14 години во декември 2024 година. Тој одигра 25 натпревари за тимот до 18 години и постигна 20 гола, додека во Младинската лига на УЕФА стана најмладиот стрелец во историјата на натпреварувањето, постигнувајќи гол против Аталанта на возраст од 14 години и осум месеци.
Минатата сезона тој беше и капитен на тимот до 18 години, каде што редовно ги водеше своите соиграчи и покрај фактот дека всушност беше член на генерацијата до 15 години.
Тој го имаше своето деби за првиот тим на Арсенал во пријателски натпревар против Милан, а најголемо внимание привлече против Њукасл во Сингапур, каде што влезе од клупата и го постигна победничкиот пенал и воодушеви многумина со својот дриблинг против многу постари и физички посилни противници.
Микел Артета јавно го пофали, велејќи дека не е вообичаено да се види такво присуство и храброст кај 15-годишник во првиот тим.
Дауман веќе има значајни настапи за англиските репрезентации до 16 и до 17 години, а на неодамнешното Европско првенство до 17 години ги започна сите три натпревари и постигна гол против Чешка. Тој е опишан како многу разновиден и технички надарен плејмејкер со одлично чувство за клучни додавања и прецизно изведување на нападот.
Тренерите и експертите го нарекуваат следниот Кака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:


