Спорт
Комо и Нико Паз одбиле 70 милиони евра од Тотенхем
Нико Паз, Аргентинец роден во Шпанија, постигна гол и запиша асистенција во победата на Комо од 2:0 над Лацио. Неколку часа по завршувањето на вчерашниот натпревар, се појави веста дека тој и Комо одбиле профитабилен трансфер во Тотенхем.
Тотенхем очајно бара офанзивен играч од средниот ред по заминувањето на Сон и повредата на Медисон.
Долго траат преговорите со Манчестер сити за Савињо, Арсенал го „киднапираше“ Езе, па Спарс мора да бараат други решенија.
Се обидоа со Комо со Паз, но не успеаја. Понудија 70 милиони евра, но Комо категорично одби. И фудбалерот не е расположен да ја напушти Италија.
Првенствено затоа што неговите амбиции се поврзани со Реал Мадрид, за што и постои клаузула во неговиот договор.
Имено, Реал може да ја изедначи секоја понуда што Комо ќе ја прифати, а исто така во летото 2026 година, тие имаат право да купат од Комо за само 10 милиони евра.
Сепак, уште порано, „кралскиот клуб“ на џентлмени го информираше Комо дека може да смета на поголема отштета. Фудбалерот никогаш не криел дека желба му е да се врати на „Бернабеу“, па Тотенхем објективно немаше шанси и покрај богатата пнуда да го реализира овој трансфер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дурент, осми во историјата со најмалку 31.000 поени во кариерата
Кевин Дурент и Амин Томпсон со по 28 поени го предводеа Хјустон до убедливата победа над Феникс (117:98) во НБА лигата.
Против својот поранешен тим, Дурент влезе во историјата на НБА лигата. Четири поени шшто ги постигна во првата четвртина му беа довлни да ја надмине бројката од 31.000 во кариерата.
Седум играчи на вечната листа се пред Дурент: Леброн Џејмс, Крим Абдул-Џабар, Карл Малоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чемберлен.
Доколку 15-кратниот НБА Ол-стар играч остане здрав, веројатно е дека ќе ги престигне Чемберлен (31.419 поени) и Новицки (31.560), а можеби дури и Џордан (32.292) оваа сезона.
Foto/ EPA
Спорт
Англија е фаворитот на Гвардиола на СП
Тренерот на Манлестер Сити, Пеп Гвардиола, има свој фаворит за Светското првенство, кое наредната година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.
„Би сакал Англија да победи. Тука сум неколку години, дел сум од оваа земја и би сакал Томас Тухел и неговиот тим да го постигнат тоа“, заклучи Гвардиола.
Англија во првата фаза ќе се натпреварува во Л групата, заедно со Хрватска, Панама и Гана.
Првиот натпревар Англичаните ќе го одиграат на 17 јуни против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а четири дена подоцна против Панама.
Foto/ EPA
Спорт
Уште еден централен дефанзивец на Арсенал е повреден
Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.
Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.
Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.
Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.
Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.
Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.
Foto/ EPA

