Забава
Хороскопски знаци што сите ги почитуваат штом ќе ги запознаат
Постојат луѓе на кои не им требаат многу зборови за да остават силен впечаток. Штом ќе ги сретнете, ја чувствувате нивната енергија и авторитет, не е ароганција или суета, туку природна сила на карактерот што ги тера сите околу нив да ги ценат и почитуваат. Нивното присуство ја менува атмосферата, а нивниот став ги тера другите веднаш да ги сфатат сериозно.
Јарец: Несомнена сериозност
Јарците изгледаат како луѓе кои знаат што прават и каде одат. Нивниот начин на размислување и однесување инспирира доверба и почит. Уште од првата средба, јасно е дека станува збор за личност со цврст став, дисциплина и сила, и токму тоа предизвикува восхит кај другите.
Шкорпија: Интензитет што се чувствува веднаш
Шкорпиите не треба да кажуваат многу за да остават силен впечаток. Нивниот поглед и енергија зборуваат сами за себе. Луѓето ги почитуваат затоа што зрачат со решителност и внатрешна сила, а нивното присуство често дава чувство дека имате работа со некој што не се импресионира лесно.
Лав: Неодолива харизма
Лавовите ретко се вклопуваат во толпата. Нивниот изглед секогаш привлекува внимание, а самодовербата што ја носат во себе ги тера другите да ги ценат. Уште од првата средба, јасно е дека Лавот ја знае својата вредност и токму тоа им носи природно почитување од оние околу нив.
Бик: Стабилност што влева сигурност
Биковите зрачат со смиреност и непоколебливост. Луѓето ги почитуваат затоа што веднаш оставаат впечаток на личност на која можат да се потпрат. Нивниот смирен и практичен став кон животот ги прави луѓе кои другите сакаат да ги слушаат и ценат.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашијан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth 💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

