Забава
Бестрашни се: хороскопски знаци што ништо не може да ги исфрли од такт
Постојат луѓе кои остануваат смирени во најпредизвикувачките ситуации, без оглед на тоа што се случува околу нив. Нивната смиреност честопати делува како штит – без паника, без ненадејни реакции и без губење на фокусот. Во астрологијата, некои знаци се издвојуваат по својата внатрешна сила и способност да останат смирени кога другите губат тло. Подолу ви претставуваме четири хороскопски знаци кои ретко дозволуваат нешто да ги оттргне од колосек.
Бик
Биковите се познати по својата смирена природа и цврст став. Кога се соочуваат со проблем, наместо ненадејна реакција, тие претпочитаат да застанат, длабоко да вдишат и да ја погледнат ситуацијата од сите агли. Нивната стабилност и постојаност ги прават еден од најмирните знаци во Зодијакот, и токму оваа смиреност често им дава предност во решавањето на конфликтите и донесувањето важни одлуки.
Јарец
Јарците зрачат со дисциплина и свежина. Ништо не може лесно да ги потресе бидејќи секогаш имаат јасен план и цел кон која треба да се стремат. Кога ќе се појават непредвидени пречки, наместо да го изгубат трпението, Јарците остануваат фокусирани и рационални, барајќи го најдоброто можно решение. Нивната сила лежи во нивната способност да останат смирени дури и под најголем притисок.
Шкорпија
Иако се познати по своите интензивни емоции, Шкорпиите се изненадувачки добри во контролирањето на своите реакции кога се наоѓаат во сериозни или напнати ситуации. Нивната внатрешна сила и способност да останат фокусирани им даваат моќ да се соочат со предизвици без да ја изгубат контролата. Шкорпиите ретко дозволуваат некој или нешто да ги извади од рамнотежа, претпочитајќи да ја анализираат ситуацијата и да дејствуваат промислено.
Водолија
Водолиите се карактеризираат со необична смиреност и одвоен поглед на светот. Наместо да влегуваат во конфликти или да го губат трпението, тие се стремат да најдат рационално и логично решение. Нивната способност да одржуваат дистанца во стресни моменти честопати им овозможува да ја видат пошироката слика и да не дозволат непосредните проблеми да ги соборат.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога и зошто почнала традицијата на славење на Новата година
Милиони луѓе од целиот светот ја пречекуваат Новата година како симбол на нов почеток и надеж за подобри денови. Но, обичајот на новогодишно славење има длабоки историски корени.
Новата година го означува почетокот на нов временски циклус, а во повеќето култури тој почнува на 1 јануари, според грегоријанскиот календар. Овој датум, сепак, не бил отсекогаш прифатен.
Најстарите траги од новогодишна прослава потекнуваат од Месопотамија, каде што пред повеќе од 2.000 години Новата година се славела на почетокот на март во согласност со природните циклуси и земјоделските работи. И Кинезите се меѓу првите народи што го одбележувале овој ден, при што празникот бил поврзан и со размена на подароци.
Во антички Рим, иако јануари бил воведен уште во 700 година пр. н.е., Новата година долго време се славела на 1 март. Промената дошла во 153 година пр. н.е. кога јануари станал почеток на граѓанската година. Конечно, во 46 година пр. н.е. Јулиј Цезар со новиот соларен календар законски го утврдил 1 јануари како официјален почеток на годината.
Оттогаш овој датум постепено станал прифатен во поголемиот дел од светот како симболичен почеток на новата година.
Фото: pexels
Забава
Од луд провод до тивка вечер дома: што вели хороскопот за новогодишната ноќ
Дали Новата година ќе ја дочекаш на луда журка, во ексклузивен ресторан или мирно дома со најблиските? Астрологијата открива како секој хороскопски знак најмногу сака да се забавува во најдолгата ноќ во годината – од разузданите Овни до мирните Ракови.
Овен – сака луд, разуздан помин и журки до зори, често со многу алкохол.
Бик – ужива во гурмански дочек, во ресторан или дома со блиските.
Близнаци – секоја година избираат нешто поинакво; патувања, големи прослави или дочек на улица.
Рак – најсреќен е дома, со семејството, добра храна и мирна атмосфера.
Лав – се подготвува со месеци и избира ексклузивен дочек; важно му е да биде забележан и да не биде сам на полноќ.
Девица – избегнува гужви и бучни забави, преферира тивок дочек дома со мал круг луѓе.
Вага – сака „ин“ места, дотерување и внимание; често ја дочекува Новата година во прегратка.
Шкорпија – поделени се; младите сакаат забава, постарите мирен дочек дома.
Стрелец – најчесто патува, но се забавува секаде каде и да е.
Јарец – не е љубител на гласни прослави; Новата година ја дочекува скромно, најчесто дома.
Водолија – обожава забави, клубови и дружење со нови луѓе; останување дома не доаѓа предвид.
Риби – најважно им е друштвото; сакаат домашен дочек, но знаат и да претераат со алкохол.
Забава
Зошто кафето не е решение за мамурлак и што да пиете наместо тоа
Дочекот на Новата година за некои значи и повеќе алкохол, а тоа може да резултира со мамурлак – главоболка, мачнина и вртоглавица, пишува Express.co.uk.
Според лекарите, се препорачува добра хидратација пред, за време и по консумирање алкохол, како и внес на електролити – преку напитоци или таблети, најдобро пред спиење.
Експертите предупредуваат дека кафето не помага, туку може дополнително да ја влоши дехидрацијата. Наместо тоа, се советува вода или електролитни напитоци, особено ако има мачнина или вртоглавица.
Електролитите може да се надоместат и преку исхраната – со храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, компири.
Покрај тоа, важен дел од закрепнувањето е одморот. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па експертите советуваат да се престане со пиење порано навечер за телото да има време да го преработи алкохолот и да се обезбеди подобар сон.
Фото: pexels

