Македонија
Николоски: Почнуваме со реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка, активно се работи и на граничниот премин
Имаме рекордни инвестиции во инфраструктурата во Крива Паланка и регионот. Само преку Владата, преку двата јавни повици инвестираме преку 200 милиони денари за проекти, а денеска започнуваме и со рехабилитација на обиколница Крива Паланка, истакна при денешната посета, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид во рехабилитацијата на овој патен правец како дел од Коридор 8.
Проектот се реализира преку ЈП за државни патишта, а инвестицијата е преку 65,5 милиони денари. Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерoт Николоски:
„Денеска започнувме со рехабилитација на обиколница Крива Паланка. Тоа е логичен сплет на големиот проект кој што беше пуштен во јануари оваа година, а тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресен пат кој што веќе го менува животот за овој дел од Македонија. Веќе со едно пријатно возење се стигнува од Скопје до Крива Паланка. Со рехабилитацијата на обиколницата, оние кои што патуваат кон Софија, Бугарија исто така побрзо и побезбедно ќе може да патуваат. Во таа насока би сакал да спомнам дека активно се работи на реконструкција и на Граничниот премин, активност која што ја започнавме минатата година и активност која има добра динамика и која очекувам да биде завршена набрзо и да има поголем проток на границата.
Преку Владата преку два повици еден оваа година, еден минатата година, Владата инвестира вкупно 200 милиони денари во проекти во општина Крива Паланка, што е еден историски рекорд и нешто што никогаш не е направено за овој крај и оваа општина. Секако тука се и другите општини, Ранковце и Куманово и сите кои гравитираат кон овој регион. Ќе продолжиме да работиме во периoдот кој е пред нас и да имаме други успеси”, изјави вНиколоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прекин на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон
Поради одрон патот Македонски Брод – Скопје е во прекин.
„Во 08:40 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, поточно кај резерватот Јасен сообраќајот е во прекин поради одрон на патот“, информира АМСМ.
Македонија
ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.
Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК.
Македонија
„Влен“: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа
„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“.
„Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците.
ВЛЕН останува единствената консолидирана сила, со програма, со визија и со јасна структура за градење држава. Додека НАИ се распаѓа дел по дел, граѓаните и важните политички личности се враќаат таму каде што се наоѓа стабилност, сериозност и вистинска перспектива.
ВЛЕН ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно, заштитувајќи го општиот интерес и градејќи сигурна иднина за граѓаните, додека други ќе се справуваат со распаѓањето на коалиција која никогаш немала своја кауза“, се наведува во соопштението на „Влен“.

