Македонија
Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија
„Тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја потврдиме онаа наша цел, а тоа е да бидеме крстосница на два многу значајни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање до каде се процесните подготовки за третата фаза од изградбата на железничката пруга.
„Третата фаза е во процес на развивање, би рекол. Битно е дека сите оние пречки коишто во минатото се случуваа, се надминати. Постигната е согласност со нашиот источен сосед. Нашиот дел, би рекол, со одлуката на Влада да се активира грантот, што значи техничка поддршка од страна на Европската инвестициона банка, подразбира дека и ние отпочнуваме со овој проект. Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување на јавен повик за изградба и на третата фаза, со што практично ние ќе ја заокружиме целата делница, којашто е дел од коридорот 8, од Куманово до граница со Бугарија“, изјави премиерот Мицкоски.
„Од другата страна, исто така, процесот добро напредува, така што, со ова коридорот 8 ќе биде целосно исполнет.
Коридорот 10 знаете е дел од проектот којшто го имаме со Владата на Обединетото Кралство, и тука сме во напредна фаза. Така што убави вести, убави моменти ќе има за Македонија и граѓаните во периодот којшто следи“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

