Спорт
Филип Поповски го истрча маратонот во Сиднеј: Доживување е да трчаш заедно со Кипчоге и Шифан Хасан
Листата од најголеми шест светски маратони од годинава е зголемена за уште еден – маратонот во Сиднеј. Со тоа овој град се додаде на листата најголеми маратони во светот, заедно со оние во Токио, Берлин, Лондон, Чикаго, Бостон и Њујорк.
Првото издание на маратонот во Сиднеј, како дел од светската маратонска елита се одржа денес, учествуваа дури 35.000 луѓе од целиот свет, а меѓу нив беше и Македонецот Филип Поповски, од клубот „091 Run Crew“.

Маратонската трка, Поповски ја заврши со време од 3 часа и 53 минути.
„На маратонот трчаа и Кипчоге и Шифан Хасан, најдобрите во светот во оваа дисциплина, па самото тоа што трчаш иста трка со нив е доживување. Се обидов да ги стигнам но без успех, ха, ха.
Целта не ми беше да постигнам некое време, туку со нашето друштво „091 Run Crew“ да ја шириме трчачката култура и да се поврзуваме со здруженија и трчачки друштва од целиот свет. Кога одиме на трки ја имаме таа можност да се дружиме и да разменуваме мислења и идеи, да ги поканиме да ни дојдат во Македноја, тие да нè поканат нас (како што им бев сега јас гостин 2-3 дена во Сиднеј).
Јас бев единствениот претставник од нашето здружение, а имаше претставници од здруженија од целиот свет и, секако, ги поканив да дојдат на некој од нашите маратони.
Интересно е што тука ни беа поделени пасоши, кои се викаат „United Nations of Crews“, со кои и официјално „091 Run Crew“ стана член на светското здружение на трчачки друштва, како единствени претставници од Македонија“ – вели Поповски.
Финиш линијата на маратонот беше поставена пред Операта во Сиднеј.
Победник во машка конкуренција е Хаилемаријам Киорос од Етиопија, додека кај жените најдобро време имаше Шифан Хасан од Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

