Спорт
Катастрофа за Норис и возачите на Ферари – Пјастри победи во Зандворт, Хаџар се искачи на подиумот
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Холандија, 15-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1, прва по летната пауза.
Во Зандворт, Австралијанецот ја забележаосвои својата седма победа оваа сезона, а деветта во кариерата, откако водеше од почетокот до крајот.
Најблиску до Пјастри беше миленикот на локалната публика Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека Исак Хаџар од Рејсинг Булс беше на трето место, за него ова е прв подиум во кариерата.
Покрај доминантното издание на Пјастри, кој никогаш не беше загрозен на врвот, трката беше обележана со повлекувањето на неговиот тимски колега Ландо Норис поради дефект на седум круга до крајот.
Дополнително, беа забележани уште два инциденти, во кои беа вклучени возачите на Ферари. Прво, Луис Хамилтон, во 13. ја изгуби контролата врз автомобилот во третата кривина, кога започна ситен дожд, и удри во заштитната ограда.
Колегата на Хамилтон, Шарл Леклер, исто така остана без пласман, но не по негова вина, туку по вина на Кими Антонели во Мерцедес. Леклер излезе пред Антонели од боксот, но тинејџерот агресивно го престигна на овалниот дел од патеката и Леклер немаше каде да оди и го уништи својот болид.
Антонели за овој инцидент доби казна од 10 секунди, плус уште 5 секунди доби бидејќи со недозволена брзни за движеше ниц пит-лејнот. На крајот тинјџерот остана без поени и покрај тоа што трката ја заврши на шестото место.

Покрај најдбрите тројца бодови во Холандија освоија Џорџ Расел (Мерцедес), Алекс Албон (Вилијамс), Оли Берман (Хас), возачите на Анстон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, Јуки Цунода (Ред Бул) и Естебан Окон (Хас).
По трката во Зандворд, Пјастри на врвот има голема предност од 34 поени пред тимскиот колега Норис.
Шампионатот во Ф1 продолжува со трката на легендарната патека во Монца.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

