Спорт
Шерки се повреди, ќе отсуствува најмалку два месеца

Фудбалерот на Манчестер сити, Рајан Шерки, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на квадрицепсот, потврди менаџерот на „грашаните“, Пеп Гвардиола.
Шерки, во Сити, пристигна во јуни од Олимпик Лион за 30,45 милиони фунти.
22-годишникот постигна гол на своето деби во Премиер лигата во победата од 4-0 против Вулверхемптон. Французинот започна во поразот од Тотенхем во второто коло, а го пропушти вечерашниот натпревар поради повреда што ќе го одвои долго време.
Сити, во неделата претрпе уште еден пораз во Брајтон со 2:1.
Француската фудбалска федерација објави дека напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, ќе го замени Шерки во националниот тим за квалификациите за Светското првенство во септември. „Триколорите“ ќе се сретнат со Украина и Исланд.
По паузата за репрезентатаивните натпревари, „граѓаните“ ќе го играат дербито на Манчестер против Јунајтед.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бретнфорд се согласи да го пушти Виса во Њукасл

Њукасл јунајтед веднаш ќе ги потроши парите од трансферот на Александер Исак. Швеѓанецот во рекорден трансфер, кога станува збор за Премиер лигата, се сели во Ливерпул. Сумата од 150 милиони евра, Њукасл ја вложи во Ник Волтемаде и Јоан Виса.
Напаѓачот на Штутгарт, Волтемаде пристигна во клубот пред неколку дена, а до крајот на денот, Виса ќе потпише договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Виса, во Њукасл доаѓа од Брентфорд во трансфер вреден 55 милиони фунти (околу 63,5 милиони евра). Клубовите се договориле, половина од сумата Њукасл да уплати веднаш, а половина наредната година. Во договорот постои клаузула која му гарантира на Брентфорд 25 отсто од наредната продажба на фудбалерот.
Виса, кој постигна 49 гола на 149 натпревари за Брентфорд, беше продаден откако во објава на Инстаграм го обвини клубот за прекршување на договорот и побара од сопствениците и директорите на клубот да го исполнат своето ветување и да му дозволат трансфер за да мопже да напредува во кариерата.
Напаѓачот од Конго јавно се пожали дека „клубот неоправдано му стои на патот и покрај низата фер понуди во текот на летото“, кои, како што тврдеше тој, биле договорени и ставени на хартија.
Виса во 2021 година дојде во Брентфорд од Лориен. Минатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, постигна 19 голови.
Фото/ Принтскрин
Спорт
„Фармацевтите“ од Леверкузен му врачија отказ на Тен Хаг

Баер Леверкузен објави дека клубот ја прекинал соработката со тренерот Ерик Тен Хаг. Холандскиот тренер освои само еден бод во претходните две кола од Бундеслигата, неговите играчи пропуштија предност од два гола со играч повеќе во Бремен во последните 25 минути, а поранешниот стручњак на Ајакс и Манчестер јунајтед се најде на удар на јавноста.
Клупските ченици решија да му се заблагодарат на соработката и да се свртиат кон друг стручњак кој подобро ќе ја продолжи работата на Чаби Алонсо.
Проектот со Тен Хаг пропадна пред да започне и по само со три одиграни натпревари.
Леверкузен го победи само Гросаспах во Купот на Германија, беа поразени на „Бај Арена“ од не толку силниот Хофенхајм, додека во Бремен одиграа 3:3.
Холанѓанецот беше критикуван и за неговата игра и за изборот на нови играчи бидејќи малкумина ја оправдуваат инвестицијата на почетокот на сезоната.
Ерик Тен Хаг на клупата на Баер се задржа точно 62 дена, Баер го водеше 270 минути.
Во кариерата бил тренер на Го Ахед Иглс, Баерн „Б“, Утрехт, Ајакс и Манчестер јунајтед.
Foto/ EPA/HANNIBAL HANSCHKE
Спорт
Бен Сегир се пресели во Леверкузен

Мароканскиот фудбалер Елиес Бен Сегир потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен до 30 јуни 2030 година.
Висината на трансферот не е официјално објавена, но извори блиски до Монако наведуваат дека изнесува 32 милиони евра, со бонус од пет милиони евра и процент од следната продажба на играчот.
20-годишниот играч од средниот ред е продукт на младинската школа на Монако. Во „малото кнежевство“ во 2023 година ја започна професионалната кариера.
Спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, истакна дека тој е „првокласен техничар, интелигентен и имагинативен во дриблингот, со прецизно и разновидно додавање“ и додаде дека „ќе внесе дополнителна енергија во офанзивната игра“.
Тренерот на Монако, Ади Хитер, исто така го пофали младиот фудбалер, истакнувајќи дека созреал во Монако и дека го очекува успешна кариера во Германија.
foto/ Bayer 04 Leverkusen