Свет
Дуда: Зеленски сакаше да ја вовлече Полска во војна со Русија
Поранешниот претседател на Полска, Анджеј Дуда, изјавил дека шефот на киевскиот режим, Володимир Зеленски, од самиот почеток на украинскиот конфликт се обидел да вклучи други земји во директен конфликт со Русија, објавува полското списание „До Ржечи“.
Според него, политиката на Киев јасно покажува желба за вклучување на сојузници кои би се бореле на украинска страна против Москва во борбени операции. „Ова се случува од првиот ден“, рече Дуда, оценувајќи дека таков пристап е очигледно во интерес на киевските власти.
Дуда особено се потсети на инцидентот од ноември 2022 година, кога ракета падна на територијата на полското село Пшеводов, при што загинаа две лица. Зеленски потоа инсистираше дека станува збор за руска ракета, а Варшава беше под притисок да ја прифати таа верзија на настаните.
„Може да се каже така. Јас го доживеав како обид да се вовлече Полска во конфликтот“, истакна поранешниот претседател.
По инцидентот, официјална Москва ги отфрли обвинувањата дека руската армија извршила напад во близина на украинско-полската граница. Според Министерството за одбрана на Русија, фотографиите од местото на настанот покажуваат дека остатоците од ракетата С-300 на украинскиот систем за воздушна одбрана се пронајдени во Пшеводово.
Изјавата на Анджеј Дуда повторно го отвори прашањето како Киев се обидел да го насочи текот на јавната дебата и односите во регионот, особено во време кога војната во Украина веќе длабоко ја подели Европа, според медиумот.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Остварен контакт со САД по добиените мировни предлози за Украина
Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, телефонски разговарал со претставници на американската администрација откако Москва ги добила предлозите на САД за можен мировен договор за војната во Украина, соопшти Кремљ.
Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека контактот бил остварен во име на рускиот претседател Владимир Путин и дека е договорено продолжување на дијалогот, но без да навлегува во детали, прецизирајќи дека коментарите би можеле да ги поткопаат преговорите.
Во меѓувреме, рускиот весник „Комерсант“ објави дека Путин наводно е подготвен на територијални размени, но дека сака целосна контрола врз Донбас.
Дополнително, новинарот на порталот „Аксиос“, Барак Равид, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во резиденцијата Мар-а-Лаго, повикувајќи се на украински функционер.
Свет
(Видео) Еруптира вулкан на Хаваите
Вулканот Килауеа на Хаваите еруптирал на Бадник, при што фонтаните од лава достигнувале висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаумау на Големиот остров, а била регистрирана од камерите на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA TODAY.
On the first anniversary of the start of the current summit eruption (Episode 1), lava is fountaining once again at Kīlauea (Hawaiʻi ) — Episode 39 has begun!
The episode began at about 8:10 p.m. HST. Both the north and south vent are fountaining. As of about 8:45 p.m., lava… pic.twitter.com/kxO7Lf7NsI
— USGS Volcanoes🌋 (@USGSVolcanoes) December 24, 2025
Ерупцијата почнала вечерта на 23 декември и завршила рано наутро на 24 декември по локално време. Активноста можела да се следи во живо преку онлајн-камери.
Килауеа, кој се наоѓа во Националниот парк „Хавајски вулкани“, е еден од најактивните вулкани во светот. Ова е 39-та регистрирана ерупција годинава, наведуваат научниците.
Фото: pexels
Свет
Руте не се согласува со предлозите за европско НАТО без САД
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства.
Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат целосно посветени на НАТО. Тој посочи дека европските земји ќе трошат повеќе за одбраната и ќе преземат поголема улога, но нагласи дека тоа треба да се прави заеднички со САД.
Руте потсети на самитот на НАТО во Хаг, одржан во јуни, каде што сојузниците се согласија постепено да ги зголемат одбранбените трошоци на 5 отсто од БДП до 2035 година, оценувајќи го тоа како значаен надворешнополитички успех на Трамп.
Осврнувајќи се на повиците Европската Унија да се развие во „европски НАТО“, Руте изјави дека не се согласува со таквиот пристап, нагласувајќи дека НАТО и Европа не се сведуваат само на ЕУ. Тој посочи дека 23-те земји членки на ЕУ во НАТО сочинуваат околу една четвртина од економскиот капацитет на алијансата, додека „75 проценти од економскиот ефект е надвор од ЕУ“, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Норвешка, Канада и САД.
Фото: Depositphotos

