Македонија
(Видео) Шукова: Дождот нема да го изгасне пожарот на „Дрисла“, имам решение на проблемот со депонијата
Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, вели кандидатката за градоначалничка на Скопје, од редовите на СДСМ, Каја Шукова.
„Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно го третира отпадот на Дрсила, и тоа е причина зошо се случуваат пожари на депонијата. Таму не прават буквално ништо што подразбира соодветно третирање на отпадот. Што значи соодветен третман? Отпадот се покрива со земја која се компактира односно пресува, со што се намалува волуменот на отпадот и најважно од се се истиснува кислородот, што е клучна причина за самозапалување.
Процесот продолжува со повторно покривање до запачеатување на отапдот што се третира, и се спречува да нема кисород и да нема влага. Тоа може да се прави или со земја или со глина. Во близина на Дрсила има глина, која за жал не се користи.
Паралелно не се третираат ни гасовите кои може да предизвикаат експлозија на депонијата, односно не се применува соодветен третман за контрола на гасови и нивно конторлирано палење за да се елеминираат“.
Како што вели, гасењето со вода дополнително отвара уште еден пробелем загадување на Маркова Река, бидејќи се што истекува од депонијата Дрисла се влева во реката.
„Еве како треба да работат јавните претпријатија во Скопје. Но фактичката состојба покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неумее. Наместо заштита на граѓаните и соодветни решенија, најлесно е да се обвини СДСМ. Еднаш видовме неуспешна концесија за Дрисла, сега нудат јавно приватно партнерство, од тоа само ВМРО ДПМНЕ ќе има бизнис и личен профит, а жителите на Скопје и понатаму ќе се трујат. Јас знам и имам план како да се воспостави систем за отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман но пред се намалување на количините на отпад, преку селектирање и реупотреба. Дождт нема да ни го реши проблемот на Дрсила, без употреба на соодветни техники за управување со отпад“, додава Шукова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“: Сиљановска-Давкова во посета на Ресен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.
Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, една од општините којашто има најголем бенефит од европските фондови.
Во непосредниот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова ги сослуша забелешките и предлозите за секојдневните економски, инфраструктурни и социјални прашања, потенцирајќи дека активниот дијалог со граѓаните претставува темел на одговорното и транспарентно владеење.
Претседателката ќе посети и неколку културни институции, како и производствениот погон Свисслион Агроплод – Ресен. Со тоа се нагласува значењето на културната традиција и поттикнувањето на економската активност како двигател на локалниот развој.
Попладневниот дел е посветен на дебата со претставници на невладини организации, на локални и национални институции, со фокус на еколошките предизвици и зачувувањето на Преспанското Езеро како природно и национално богатство.
Македонија
СДС лаже, ИПАРД 3 го запре Владата, потврди и делегацијата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владатa, како што додаваат, го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал.
„Во време на СДС, свиркачи и медиуми вадеа документи, видеа и аудио снимки од криминали за тогашни функционери, а Заев, Ковачевски и Филипче не само што не ги менуваат, туку и ги штитеа и вршеа притисок врз институциите да не отворат постапки“.
Во делот на манипулациите на СДС дека министерот Трипуновски треба да сноси одговорност, од владејачката партија нотираат дека станува збор за посебна институција која во своето менаџирање е самостојна.
„Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кои наведоа:
“Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите. Со оглед на тоа дека во моментов во тек е истрага, не би можеле да дадеме дополнителни коментари – велат од Делегацијата.”
По ова, секој нареден прес на СДС може да се земе единствено како димна бомба за сокривање од партиските превирања и несогласувања во СДС и се посилните барања за оставка на Филипче“.
Македонија
Положено цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили
Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на припадникот на македонските безбедносни сили, Драго Маневски, беше одбележана 24-годишнината од неговата смрт.
Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година.
Драго Маневски, роден во Марино во 1966 година, го загуби животот на 11 ноември 2001 година во село Требош, како припадник на безбедносните сили на Република Македонија, борејќи се за својата татковина.

