Македонија
„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“
На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со вода бидејќи внатре се одвиваат хемиски и биолошки процеси, кои предизвикуваат појава на запиливи гасови.
На терен, како што рече Ангелов, дејствува „ер трактор“, кој со посебна пена ќе се обиде да ја ублажи состојбата. Во однос на чадот, Ангелов уверува дека тој е помал во однос на вчерашниот ден и очекува во вечерните часови да биде сосема намален или дека ќе прекине.
Во врска со депонијата „Вардариште“, Ангелов информира дека на неа нема ниту горење ниту чад.
„Депонијата ‘Вардариште’ ќе биде детаљно обезбедена и веќе е анганжирана агенција за обезбедување, а нејзина екипа веќе е на терен на депонијата“, рече Ангелов.
Најави и дека ќе биде изработен детален план за да се спречат непосакуван влез во неа и обиди за повторно потпалување бидејќи, како што потсети Ангелов, постојат сомненија дека и „Вардариште“ и „Дрисла“ се намерно потпалени.
Ангелов потсети дека веќе има кривична пријава и притвор за три лица што користеле диви отпади, а откупувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до металот во нив.
„Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа затоа што веќе нема да има кој да откупува“, посочи Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

