Спорт
Најлошиот менаџер на Јунајтед по Втората светска војна
Португалецот Рубен Аморим, менаџер на Манчестер јунајтед, имаше скандалозен учинок откако пристигна во Премиер лигата.
По очајната прва сезона во Манчестер (седна на клупата во декември минатата година), Аморим ужасно ја започна оваа сезона катастрофално. По четири кола освои ист број бодови, доволни само за 14-то место на табелата.
По поразот од градскиот ривал Манчестер сити, неговиот настап во Премиер лигата со Јунајтед е 8 победи, 7 нерешени и дури 16 порази, со гол разлика од -13, односно победил на само 25,8 отсто од натпреварите во Премиер лигата.
Неговиот вкупен процент на победи откако се приклучи на клупата на „Црвените ѓаволи“ е 36,17%, што го прави најлошиот менаџер на Јунајтед од Втората светска војна.
Интересно е што Ерик тен Хаг, човекот кој беше заменет од Аморим поради лоши резултати, е на третото место на таа листа со дури 54,69 проценти победи.
Ruben Amorim has the worst win percentage of any permanent #mufc manager since the Second World War. ❌🇵🇹 pic.twitter.com/8CtHnrP867
— UtdDistrict (@UtdDistrict) September 14, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се враќа на „Ноу Камп“
Фудбалскиот клуб Барселона официјално го потврди враќањето на „Камп Ноу“.
Во официјалното соопштение на Каталонците се наведува дека првиот натпревар по враќањето ќе се игра против Атлетик Билбао во 13-то коло од Ла Лига.
Тој натпревар е закажан за 22 ноември (16:15 часот), а билетите веќе се пуштени во продажба.
Капацитетот ќе биде ограничен на 45.401 гледачи, бидејќи клубот сè уште не ги добил сите потребни лиценци. Стадионот треба да собере околу 105.000 гледачи по завршувањето на радежните работи.
Реновирањето на стадионот започна во јули 2023 година.
Барселона се надева дека ова е првиот чекор кон целта следниот натпревар од Лигата на шампионите да го игра дома. Тој ќе игра на 9 декември против Ајнтрахт.
Како што наведуваат, сите услови за тоа се исполнети, и се очекува само потврда.
Спорт
Лацио е во криза, газдата побара помош од свештеник
Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, повторно ја изненади јавноста.
Лотито реши да се бори против повредите што почнаа да се натрупуваат и лошата форма. Првиот човек на Лацио повика свештеник да ги благослови тимот и теренот.
Кризата во Лацио трае веќе долго време, од поразот од Рома во дербито. Колата едноставно тргна надолу.
Од недела во недела, бројот на повредени играчи се зголемуваше. Во еден момент, десетмина беа на листата на повредени, што ги наруши сите планови на тренерот и стручниот штаб.
За Лотито, тоа беше знак дека мора да се најде алтернативно решение. Убеден дека сè што се случува во последните два месеци е последица на лошата енергија што го опкружува тимот, повика свештеник.
Во петокот, по неколку недели планирање, Лотито беше домаќин на група гости на стадионот, меѓу кои беше и свештеник од кого беше побарано да го благослови теренот и тимот за да добијат „божествена заштита“.
Иако повеќето играчи се опоравија, Лотито не се откажа од идејата да го искористи времето од паузата за репрезентативни натпревари за да ја реализира својата идеја.
Ова не е прв пат Лотито да посегнува по неконвенционални методи, но барањето благослов од свештеник е потег што никој не го очекуваше. Сепак, се чини дека ова е повеќе потег направен од очај.
Иринијата е во тоа што откако тимот доби благослов, Лотито дозна дека Николо Ровела морал да се подложи на операција на хернија.
Спорт
Бруно: Можеби го најдовме делот што недостасуваше
Бруно Фернандеш и Жоао Невеш постигнаа по три гола во победата на Португалија над Ерменија (9:1), во последното коло од квалификациите за пласман на СП. Бруно Фернандеш не го криеше задоволството од пласманот на Мундијалот и уверливиот настап против Ерменија. , е задоволен по настапот на својот тим.
Бруно постигна хет-трик, беше играч на натпреварот, а по натпреварот новинарите го прашаа што се променило по поразот од Ирска.
Да потсетиме, три дена претходно, Ирците ја победија Португалија, во тој натпревар беше исклучен Кристијано Роналдо, без кого тимот изгледаше поразигран и побрз.
„Многу работи се променија од последниот пораз, можеби го најдовме делот што недостасуваше. Нашиот сон е да го освоиме Светското првенство“, рече Бруно.
Некои медиуми истакнуваат дека Бруно, во својата изјава, „меѓу редови“ кажал дека тимот изгледа подобро без Кристијано Роналдо, но тој ги негираше таквите ставови во вториот дел од изјавата.
„Би било одлично Кристијано Роналдо го крене пехарот наменет за победникот на Светското првенство. Тој го заслужува тоа и било добро да му помогнеме да го оствари сонот“, рече Бруно.

