Свет
ИДФ: Средиштето на Хамас е во центарот на Газа, ќе го опколиме градот
ИДФ утрово го започна вториот ден од операцијата „Гидеонова кочија II“. Две редовни дивизии влегоа во градот Газа од различни насоки, додека стотици илјади Палестинци се уште се во градот. Во наредните денови, ним ќе им се придружи уште една дивизија, 36-та. Кога единиците ќе ги завршат своите операции, тие ќе го опколат градот Газа од речиси сите страни, јавуваат израелските медиуми.
Според проценката на ИДФ, операцијата ќе трае околу два до три месеци, но „чистењето на областа од терористи може да потрае подолго“.
ИДФ нагласува дека седиштето на Хамас е во центарот на градот, вклучувајќи го веројатно и воениот командант на организацијата Иза ед-Дин Хадад, за кого тврдат дека е во тунелите.
Претходната израелска проценка беше дека во градот имало околу 2.500 борци на Хамас, но ИДФ сега тврди дека нивниот број се зголемил бидејќи пристигнале дополнителни.
ИДФ: Отворена е втора рута за евакуација кон југ
ИДФ им соопшти на жителите на Газа дека отвора втора рута за евакуација за оние кои сакаат да избегаат од градот Газа, додека израелската армија напредува во градот. Рутата, по улицата Салах ал-Дин во јужниот дел на Појасот Газа, ќе биде отворена од денес напладне до петок напладне, објави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае, на арапски јазик на својот Икс профил.
#عاجل ‼️ إعلان هام إلى سكان مدينة غزة وأحيائها،
⭕️يعلن جيش الدفاع أنه ومن أجل تسهيل الانتقال جنوباً يتم فتح مسار انتقال مؤقت عبر شارع صلاح الدين
⭕️سيُتاح لكم الانتقال عبر شارع صلاح الدين وثم مواصلة التحرك جنوباً من وادي غزة.
⭕️في هذه المرحلة، سيتاح الانتقال عبر هذا المسار لمدة 48… pic.twitter.com/PZMhtu4B51— افيخاي ادرعي (@AvichayAdraee) September 17, 2025
Жителите на Газа досега можеа да ја напуштат областа само преку крајбрежниот пат, кој е преплавен со пешаци и возила, бидејќи илјадници се движат кон југ од градот за да избегаат од претстојниот напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

