Црна хроника
Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1, како и продолжено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи жртвата, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со тоа кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.
На 18 септември, во повеќе наврати во текот на целиот ден, вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, и тоа еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан каде насилно влегувал.
Ценејќи ги сите околности, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија.
Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и ја определи мерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.
Црна хроника
Две жени затекнати како питаат во Тетово, едната со две мали деца – aкција на МВР и Центарот за социјални работи
Во текот на 11 ноември, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Центарот за социјални работи, спровеле акција за сузбивање на питачењето на подрачјето на градот.
Акцијата се одвивала од 11 до 16 часот, а при контролите биле затекнати две жени кои питачеле на јавни места.
Околу 12:20 часот, на кружниот тек кај улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ била затекната Н.Ф. (42) од Тетово, додека нешто подоцна, околу 12:50 часот, на улицата „Илинденска“ полицијата ја затекнала М.Д. (19) од Кочани, која питачела заедно со своите две малолетни деца, на возраст од четири и една година.
Жените и децата биле преземени од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Млада девојка од Прилеп тешко повредена во судир со товарно возило во Битола
Попладнето на 11 ноември во Битола се случила сообраќајна несреќа кај спојот на улиците „4 Ноември“, „Влатко Миленковски“ и „Димитар Илиевски–Мурато“.
Во несреќата учествувале товарно возило „Фолксваген“ со битолски таблички, управувано од 20-годишен возач од Битола, и електричен тротинет „Шаоми“, со кој управувала дваесетгодишна девојка од Прилеп.
Од ударот, младата возачка на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на несреќата и се работи на утврдување на причините поради кои дошло до судирот.

