Македонија
Старите униформи ќе се заменуваат со нови, поквалитетни и помодерни: македонската полиција се ребрендира

Министерството за внатрешни работи известува дека е објавен тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.
„Министерството, во процесот, кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании, при што беа земени предвид сите сугестии и предлози“.
Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние што се грижат за безбедноста на македонските граѓани.
„Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција.
Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони – летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и со подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми.
Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки на следниот линк и на него може да учествуваат сите заинтересирани компании“, се истакнува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 23.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,947 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,207 ден/кг и сега ќе изнесува 36,947 ден/кг.
Македонија
СДС крева лажна паника за летањето на авионите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС крева лажна паника за летањето на авионите, ова е дел од црните сценарија на Филипче за покривање на неспособноста и безидејноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Венко Филипле и СДС намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска има партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот.
Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една реномирана авиокомпанија која оперира на скопскиот аеродром се нема пожалено ниту откажано од работење.
Што се однесува за партизираноста на МНАВ само да потсетиме дека каубојците од ДУИ се тепаа на работно место, а пајташите на СДС вработија 70 партиски војници во оваа институција. Затоа на ваквото ширење на паника од СДС гледаме како сценарио за кревање на паника слично на палењето на депониите во Скопје од кое што ќар имаат само СДС за да ја покријат безидејноста и неспособноста“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата

По големиот пожар во Трубарево, потребата од итни и стручни анализи на почвата и водата е неопходна и неминовна, предупреди пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
„Тоа требаше и да биде направено, заради тоа што Трубарево е регион во којшто се произведува храна, земјоделски производи. После една ваква хаварија која што ни се случи и после ваквите анализи во сегмент на воздухот, задолжително е институциите, министерствата и научните институции веднаш да ги направат неопходните анализи и на водата и на почвата, се со цел да ги знаеме и тие резултати. Граѓаните мора да бидат сигурни и безбедни, и да ги знаат точните информации и точно да се види дали има контаминации во делот на резултатите коишто ќе ги добиеме и од водата и од почвата“, рече Николовски.
При тоа, Николовски нагласи дека власта треба да прекине да ја бара вината во други, бидејќи како влада има одговорност да ги заштити а не да ги лаже граѓаните.
„Неколку министри ја лажеа јавноста дека нема никакви лоши резултати, дека се нормални, дека воздухот не е загаден. Меѓутоа, видовме дека експертите и сите оние стручни анализи, и податоци, го покажуваат токму спротивното, граѓаните имаат право да ја знаат вистината.Одговорноста е пред се во владата, во надлежното министерство. Власта мора да ја прекине праксата дека се она што ќе се случи во нејзино време, не може некој да биде друг крив, не може некој друг центар да биде одговорен за сето она што ни се случува постојано“, изјави Николовски.