Македонија
Демократскиот сојуз: Обвинителот да поведе постапка против Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет

Најновата закана на лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека доколку Македонија не го продолжи својот пат кон ЕУ, дел од граѓаните ќе одат со Албанија, а другите со Бугарија, е директна закана за територијалниот интегритет на државата и повик за поделба на Македонија меѓу Албанија и Бугарија, велат од Демократскиот сојуз.
Го повикуваат Јавниот обвинител да отвори истрага и да покрене соодветна постапка против Али Ахмети за загрозување на уставниот поредок на државата и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет.
„Претседателот на ДУИ, барајќи спас од кривичен прогон на неговата одметната криминална партиска врхушка, веќе подолго време работи на поделба на граѓаните – на оние кои се наводно определени за европскиот пат и оние кои се божем против. Притоа сака да прикаже дека Македонците, за разлика од Албанците, не сакаат членство на државата во ЕУ. Но откако не успеа да докаже дека ДУИ е ексклузивен легитимен претставник на Албанците во власта, Ахмети реши да отиде чекор подалеку – и да ги повика Албанците да одат во ЕУ со Албанија, а Македонците – со Бугарија!? Ова, меѓу другото е и злонамерна сугестија на поранешниот командант на УЧК, дека мнозинството Македонци би прифатиле да станат Бугари само заради членство во ЕУ“, велат од Демократскиот сојуз.
Се додава дека и покрај тоа што огромното мнозинство граѓани на Македонија нема да го послушаат овој очајнички предизборен повик на Ахмети за поделба, Демократскиот сојуз го повикува јавниот обвинител да преземе соодветни дејствија.
„Ахмети во 2001 г. со својата одметната вооружена банда ја нападна државата истакнувајќи територијални барања, поради што подоцна беше амнестиран. Кривичното дело сега го повторува со повик за поделба на Македонија. Тоа не смее да помине неказнето!“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, крвнички тепаат странци во Струмица

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него“.
СДС, додава тој, наместо да понуди визија, програма и идеа, тие нудат тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица.
„Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДС врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница“.
Според него, тие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и побара осуда и оградување од страна на СДС и локалното раководство.
„Бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица“.
Македонија
Дурмиши-Колумбија: Ќе обезбедиме поддршка на женското лидерство, младите и социјалниот развој

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Обединетите нации, вклучително и ресорните министерства, преку заеднички проекти и активности кои имаат за цел унапредување на економскиот и социјалниот развој.
Фокусот на разговорот беше ставен на зајакнување на положбата на жените во општеството, особено во делот на економскиот развој, претприемништвото и развојот на лидерските способности. Посебно внимание беше посветено и на политиките за родова еднаквост и превенција од дискриминација, како клучен предуслов за инклузивен и одржлив раст.
Истовремено, беа дискутирани и иницијативи за развој на политики за поддршка на младите, преку обезбедување поголем пристап до квалитетно образование, обуки за современи вештини, можности за вработување и активно вклучување во процесите на одлучување.
Дурмиши и Колумбија разговараа и за значењето на претстојниот Втор светски самит за социјален развој, кој ќе се одржи од 4 до 6 ноември во Доха, Катар. Самитот ќе претставува глобална платформа за обновување и засилување на клучните обврски од Копенхагенската програма за акција – искоренување на сиромаштијата, создавање пристојни работни места, промоција на социјалната инклузија и еднаквоста.
На настанот се очекува учество на шефови на држави и влади, како и на претставници од граѓанското општество, приватниот сектор и академската заедница. Дополнително, ќе биде усвоена политичка декларација која ќе ги обврзе земјите-членки да преземат конкретни чекори во унапредувањето на социјалните политики и во исполнувањето на Агендата 2030 за одржлив развој.
На средбата беше изразена заедничка заложба за интензивирање на партнерството меѓу Владата и Обединетите нации, со цел преку конкретни иницијативи да се поддржи економската независност на жените, да се создадат нови можности за младите и да се унапреди квалитетот на животот на сите граѓани.
Македонија
Унапредување на условите во поликлиниката Шуто Оризари ќе биде еден од приоритетите во рамки на заложбите на Стратегијата за инклузија на Ромите, најави Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети поликлиниката Шуто Оризари, заедно со Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу.
– Нашата заложба е достапна здравствена заштита за сите пациенти, а паралелно со тоа и унапредување на условите во јавните здравствени установи низ државата. Поликлиниката Шуто Оризари во следниот период ќе биде еден од приоритетите за унапредување во различни аспекти, секако со поддршка од Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на Ромите. Во духот на оваа стратегија, заеднички се залагаме за подобрен пристап до интегрирани, квалитетни, превентивни и куративни здравствени услуги за лицата од овој регион, истакна министерот Алиу при посетата.