Црна хроника
Преку лажен профил испраќал закани кон градоначалникот на Неготино, неговото семејство, на новинар, МВР: кривична пријава за неготинец
Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино.
Тој се сомничи дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и на 02.09.2025 на платформа за интернет комуникација испратил порака на профил кој го користи градоначалникот на општина Неготино, со закани кон него и неговото семејство, а во која, исто така, се обидел и да му изнуди пари.
Потоа, на 04.09.2025 во три наврати и на 05.09.2025 на друг профил што го користи градоначалникот, повторно испратил текстуални пораки со закани кон него, неговото семејство, како и кон кандидат за градоначалник.
Исто така, на 19.09.2025 испратил пораки на службените електронски пошти на Министерството за внатрешни работи, општина Неготино и на новинар со закани кон приврзаници на политичка партија во Неготино. На 19.09.2025 од страна на полициски службеници М.Ј. е лишен од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

