Спорт
Челзи: Палмер се соочува со пауза

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ја откри состојбата на повредениот Кол Палмер, во најавата за натпреварот од шестото коло од Премиер лигата на Стемфорд Бриџ против Брајтон.
Мареска откри дека Палмер ќе биде надвор од теренот две до три недели.
„Решивме малку да го заштитиме Кол, за да не се влоши ситуацијата. Решивме да го одмориме две до три недели, до репрезентативната пауза. Ќе видиме тогаш дали ќе биде 100 отсто подготвен“, рече Мареска.
Оваа сезона, Палмер одигра само 90 минути на премиерата во Премиер лигата против Кристал Палас. Тој ги пропушти следните два натпревари поради повреда на препоните, а во претходните два натпревари одигра вкупно 55 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Доаѓањето на 40-годишниот Модриќ е доказ дека Серија А губи вредност“

Џузепе Марота, претседателот на Интер, во петокот учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Милано, на која рече дека италијанската фудбалска лига (Серија А) ја изгубила својата вредност, а како пример го наведе доаѓањето на Лука Модриќ на 40-годишна возраст.
„Серија А ја изгубила својата вредност и станала транзициско натпреварување во кое играчите се само минливи“, рече 68-годишниот Марота. Како пример, тој го наведе летниот трансфер на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ од Реал Мадрид во Милан. „Тој е вистински шампион кој дојде во нашата лига, но на 40-годишна возраст“, забележа тој.
Во својата анализа, тој се осврна и на стадионите во Италија, тврдејќи дека тие се застарени и „не обезбедуваат спектакл кој секогаш треба да биде со висок квалитет“.
„Во Милано ни е потребен модерен стадион со сите услуги“, рече Марота. Тој го наведе новиот стадион на Јувентус во Торино како позитивен случај, додавајќи дека затоа тој ривал има сигурна иднина.
Марота работеше во бројни италијански клубови како што се Јувентус, Сампдорија, Аталанта и Монца. Од 2018 година, тој е претседател на Интер, кој минатата сезона загуби во финалето на Лигата на шампионите со 0:5 од Пари Сен Жермен.
По четири кола од италијанското првенство, Наполи води со максимални 12 бода пред Јувентус и Милан. Интер е десетти на табелата со две победи и два порази.
Спорт
Рафиња во аут три, голманот Гарсија шест недели

Бареселона во раната фаза од сезоната се соочува со бројни повреди. Откако Гави беше опериран, нов удар за тимот е повредата на Рафиња.
Бразиелцот заработи повреда на тетивата и клубот официјално објави дека ќе биде надвор од фудбалот околу три недели. Ова значи дека Рафиња ќе го пропушти дербиот во Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 октомври.
По шест лигашки натпревари, Барселона има пет победи и едно реми, односно два бода помалку од лидерот Реал, а пред Барселона во првенството се домашните натпревари против Реал Сосиедад на 28 септември и Џирона на 18 октомври, ќе гостуваат кај Севиља на 5 октомври.
Освен Рафиња, вчера против Овиедо се повреди и голманот Џоан Гарсија. Тој ќе мора да се оперира откако го скина менискусот на левото колено и ќе биде надвор од терените до шест недели.
Добра за тренерот вест е веројатното враќање на Ламин Јамал овој викенд, како и на Алехандро Балде.
Спорт
Гвардиола: Кафу, Занети, Тирам… Вокер е иста класа

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли.
Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам.
„Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека Вокер е таму. Со неговата брзина, можеше да ги запре дури и првокласните играчи“, рече Гвардиола.
Вокер помина осум сезони во дресот на Сити, беше и капитен – освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и шест домашни купови.
Дел од минатата сезона го помина на позајмица во Милан, а ова лето се пресели во Барнли.
„Неверојатна фигура во соблекувалната, секогаш беше тука и во добро и во лошо. Минатата сезона беше тешка за сите нас, но не сакам да судам за играч само по краток временски период. Тој беше неверојатен за мене“, заклучи Гвардиола.
Сити го пречекува Барнли во сабота во 16 часот.