Спорт
Роналдо и Мане блеснаа во големата победа на Ал-Наср против Ал-Итихад

Кристијано Роналдо постигна гол, а Ал-Наср ги демонстрира своите шампионски амбиции со победа од 0-2 како гостин против главниот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се искачи самостојно на врвот на табелата. Португалската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 35. минута и сега има вкупно 946 голови во својата кариера.
Друг херој за Ал-Наср беше Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата минута, а потоа асистираше за погодокот на Роналдо, кој со четири гола е втор на листата на стрелци, еден помалку од својот соиграч Жоао Феликс.
И двата тима влегоа во дербито со максимални девет бода по првите три кола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИФА суспендираше седум репрезентативци на Малезија поради фалсификување на документи

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла Лига.
Според објавеното, ФАМ поднела лажни документи до ФИФА за овие играчи да можат да играат за Малезија против Виетнам во третото квалификациско коло за Азискиот куп на 10 јуни.
Како резултат на тоа, Малезија ќе треба да плати казна од 350.000 швајцарски франци, додека секој од фудбалерите ќе мора да уплати по 2.000 франци.
Покрај финансиската санкција, сите седум играчи се суспендирани од фудбалски активности на период од 12 месеци од денот на објавувањето на одлуката. Оваа одлука може да се обжали пред Апелацискиот комитет на ФИФА.
Спорт
ПСЖ остана без Маркињос во наредните неколку седмици

Бразилскиот фудбалер и капитен на Пари Сен Жермен, Маркињос, го повреди левиот бутен мускул и нема да игра во наредните неколку недели, соопшти клубот од Париз.
ПСЖ не прецизираше кога Бразилецот ја добил повредата, иако тој одигра цел натпревар против Марсеј (1-0) во понеделникот, како и натпреварот од Лигата на шампионите минатата недела против Аталанта (4-0).
Маркињос така ѝ се приклучи на листата на повредени во која веќе се наоѓаат Осман Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш, кои се во процес на рехабилитација, се наведува во лекарското соопштение на клубот.
На утринскиот тренинг во петокот тие отсуствуваа, додека играчот од средниот ред Фабијан Руиз работеше одвоено од екипата. Бредли Баркола, кој имаше проблеми со бутниот мускул и поради тоа го пропушти дуелот со Марсеј, се врати во тренажен процес.
ПСЖ во среда ќе ја пречека Барселона во Лигата на шампионите, а веќе на 5 октомври ќе игра против Лил во Лига 1.
Спорт
Дембеле ја освоил „Златната топка“ со 319 гласа предност пред Ламин Јамал

Француската ѕвезда Осман Дембеле, новиот добитник на престижната награда „Златна топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, убедливо го победил Ламин Јамал, кој заврши на втората позиција.
Иако дел од јавноста очекуваше израмнета трка меѓу двајцата, официјалните резултати покажаа значителна разлика.
Дембеле освои вкупно 1380 гласови, додека Јамал собра 1059. Предноста од 319 гласа му обезбеди сигурна победа на Французинот.
На третото место се најде соиграчот на Дембеле од ПСЖ, Витиња, кој доби 703 гласа, речиси двојно помалку од победникот Дембеле.