Спорт
Јувентус и Аталанта и понатаму се непоразени, а ремизираа во Торино

Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси.
Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ.
Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога Камалден Сулејмана реализираше од одлична акција.
Во вториот дел, Аталанта се закани преку Марио Пашалиќ, а во 79. минута Хуан Кабал постигна погодок за израмнување на 1-1.
Минута подоцна, Де Рон заработи црвен картон по втор жолт картон, давајќи предност на Јувентус, но домаќините не успеаја да ја искористат и мечот заврши со поделба на бодовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата

Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.
Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент.
Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше за победа.
Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче го предводеше својот тим со 24 поени.
Спорт
Влаховиќ прави трансфер во Баерн Минхен?

Душан Влаховиќ ја започна сезоната во голема форма со Јувентус, но се чини дека неговото заминување од клубот од Торино е само прашање на време.
Алегри го посакуваше Србинот во своите редови на „Сан Сиро“, но трансферот не се реализираше. И Диего Симеоне го имаше Влаховиќ на радарот, но и од тоа не произлезе ништо.
Според доверливите информации на германскиот „Билд“, Влаховиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.Тој ќе се пресели во редовите на баварскиот гигант сосема бесплатно, откако неговиот договор со Јувентус истекува на 1 јули 2026 година.
Пред Јувентус, Влаховиќ настапуваше за Фиорентина и за Партизан.
Спорт
Грчка музичка ѕвезда му порача на Ѓоковиќ: „Сакам да те најдам и да ти ја отпеам оваа песна“

Грчката музичка ѕвезда Александра Прехер му испрати порака на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
Аура, како што е позната во Грција, му се обрати на српскиот тенисер од Атина и му испрати порака.
„Ноле, не сум од Србија, но… Ноле, слушнав дека си се преселил во Атина и те барам, затоа што сакам да ти ја отпеам ‘Ти моје злато’“, рече Александра, а потоа додаде:
„Па, каде си Ноле, каде си? Те барам, те барам“, изјави таа и ја отпеа познатата песна.
Ѓоковиќ го пресели турнирот „Белград Опен“ од главниот град на Србија во Атина, а се шпекулира дека и комплетно веќе е преселен во грчката престолнина.