Спорт
Грчка музичка ѕвезда му порача на Ѓоковиќ: „Сакам да те најдам и да ти ја отпеам оваа песна“

Грчката музичка ѕвезда Александра Прехер му испрати порака на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
Аура, како што е позната во Грција, му се обрати на српскиот тенисер од Атина и му испрати порака.
„Ноле, не сум од Србија, но… Ноле, слушнав дека си се преселил во Атина и те барам, затоа што сакам да ти ја отпеам ‘Ти моје злато’“, рече Александра, а потоа додаде:
„Па, каде си Ноле, каде си? Те барам, те барам“, изјави таа и ја отпеа познатата песна.
Ѓоковиќ го пресели турнирот „Белград Опен“ од главниот град на Србија во Атина, а се шпекулира дека и комплетно веќе е преселен во грчката престолнина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.