Спорт
Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата
Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.
Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент.
Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше за победа.
Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче го предводеше својот тим со 24 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз закажа финале со Синер на Завршниот Мастерс
Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер.
Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси.
Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, понеизвесни 6:4. Немаше брејк-топки сè до десеттиот гем кога 25-годишникот од Монтреал сервираше за да остане во мечот.
Секако, Оже-Алијаси може да биде задоволен од феноменалната форма што ја покажа во втората половина од сезоната. На следната АТП листа, тој ќе биде на петтата позиција, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата. Убав финиш по титулата во Брисел, полуфиналето на Отвореното првенство на САД и финалето на Мастерсот во Париз.
Спорт
(Видео) Велз едвај победи во Лихтенштајн, Шпанија и Австрија 99,99 отсто се на Мундијалот
Фудбалската репрезентација на Велс, вложи многу труд зада повбеди во Лихтенштајн. Велс го победи аутсајдерот со 1:0. Ова значи дека за три дена, на Македонија ќе и биде потребен еден бод за да го обезбеди второто место во Ј групата.
Во терминот од 18 часот беа одиграни уште три натпреари, фаворитите победија. Шпанија ја декласира Грузија во Тбилиси со 4:0. Два гола постигна Ојерзабал, по еден Зубименди и Торес.
Актуелните шампиони имаат импресивна гол разлика 18:0, тие се 99,99 отсто на Мундијалот.
Во последното коло ќе ја пречекаат Турција, која со 2.0 ја победи Бугарија. Треба да се случи чудо за Турците да го освојат првото место во групата. За три дена им е потребна победа од седум гола, што е нереално, знаејќи дека во Истанбул Шпанците славеа со седум гола.
Минимални се шансите и Австрија да не биде прва во својата група. Австријците славеа на Кипар со двата гола на Марко Арнаутовиќ. Тие уште вечерва ќе бидат на Мундијалот доколку БиХ не ја победи Романија.
Спорт
Ларкин ќе отсуствува два месеци
Шејн Ларкин ги повреди препоните на дуелот на Ефес со Баерн Минхен, а познато е и колку долго ќе паузира искусниот кошаркар.
Тренерот Игор Кокошков нема да може да смета на долгогодишната прва ѕвезда на тимот во следните два месеци.
Повредата се случи во првата четвртина од натпреварот во Анталија, кој Ефес го доби во трилер завршница со 74:72.
Капитенот на Ефес, има просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции по натпревар оваа сезона.

