Спорт
Мурињо со Бенфика на „Стенфорд Бриџ“, Галатасарај го чека Ливерпул

Вечерва со девет натпревари ќе биде отворено второто коло во Лигата на шампионите. Апсолутно дерби во оваа рунда е утрешната пресметка меѓу Барселона и актуелниот шампион ПСЖ.
Интересно ќе биде во Алмати, каде што Каријат ќе го пречека Реал Мадрид. Играчите на Реал бараат рехабилитација за тешкиот пораз во градското дерби против Атлетико. Пред нив е тежок меч бидејќи до Казахстан патуваа осум часа.
Сепак, Реал Мадрид е голем фаворит во овој натпревар.
Интересно ќе биде и во Лондон, каде што Челзи ја пречекува екипата на Бенфика, на чија клупа седи најуспешниот менаџер во историјата на „сините“, Жозе Мурињо.
Лига шампиони, вторник:
18:45 Аталанта – Клуб Бриж
18:45 Каират Алмати – Реал Мадрид
21:00 Атлетико Мадрид – Ајнтрахт Франкфурт
21:00 Бодо/Глимт – Тотенхем
21:00 Челзи – Бенфика
21:00 Галатасарај – Ливерпул
21:00 Интер – Славија Прага
21:00 Марсеј – Ајакс
21:00 Пафос – Баерн Минхен
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Вини го нарече Коке плачко, овај му врати: Мбапе ти го украде шоуто. Тој е најдобар

Атлетико Мадрид го победи Реал со 5:2 во градското дерби во седмото коло од Ла Лига. Атлетико на тој начин се врати во борбата за врвот, на најдобар начин со убедлив триумф над градскиот ривал.
Како и секогаш кога ривалите на Мадрид играат дерби, натпреварот беше полн со жестоки дуели. Освен физичките, интересни се и вербалните.
Камерата на „Мовистар“ ја забележа расправјата помеѓу Винисиус Жуниор и Коке.
Читачите на усни, ангажирани од шпанска телевизиска станица, дешифрираа што си кажаа напаѓачот на Реал и капитенот на Атлетико.
Винисиус: „Ти си плачко и гом.о!“
Коке: „Мбапе ти го краде шоуто. Тој е најдобар!“
Vinicius Jr. to Koke during the Madrid derby: "You’re a crybaby piece of sh*t."Koke's response: "Mbappe is eating your toast (stealing your spotlight). He is the best."
byu/yudek insoccer
Спорт
По 11-часовна дискусија, донесена одлука за рушење на „Сан Сиро“

Градскиот совет на Милано ја одобри продажбата на стадионот „Сан Сиро“ на Интер и Милан, што им овозможува да го продолжат проектот за рушење на голем дел од постоечкиот стадион и изградба на помодерен и понов.
По повеќе од 11 часа дискусија, која вклучуваше 239 амандмани, Градскиот совет на Милано ја одобри продажбата на стадионот и околното земјиште со вкупна површина од 28 хектари во сопственост на градот, утрово во 3:46 часот, кога 24 советници гласаа за продажбата, 20 гласаа против, а двајца советници беа воздржани.
Гласањето беше обележано со жестоки дебати, неколку советници од Демократската партија гласаа за предлогот, додека други ги критикуваа претседателите на клубовите Бепе Марота и Паоло Скарони.
Еден советник ги нарече претседателите на клубовите од Милано стари, по нивните критики кон политиката. Форца Италија се воздржа, признавајќи дека предлогот е погрешен, но дека проектот од 1,2 милијарди евра ќе ги зголеми работните места, инфраструктурата и ќе го обнови градот.
Нивната воздржаност го намали прагот потребен за мнозинство гласови, што се покажа како клучно за усвојување на предлогот.
Милан и Интер ќе платат 197 милиони евра за постојниот стадион и околните паркинг места каде што планираат да изградат нов стадион што ќе продолжат да го делат. Новиот „Сан Сиро“ со капацитет од 71.000 седишта треба да биде завршен во 2031 година и ќе ги чини клубовите 1,2 милијарди евра.
Сегашниот стадион „Сан Сиро“, познат и како „Џузепе Меаца“, со капацитет од 75.000 седишта, еден од најважните во европскиот фудбал, е отворен во 1926 година и оттогаш е реновиран неколку пати.
Ќе биде срушен во најголема мера, а остатоците од стадионот, од кои една трибина е заштитена зграда, ќе бидат интегрирани во проект за недвижности за канцеларии и спортски објекти.
„Сан Сиро“, ќе биде домаќин на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во февруари, а целта е новиот стадион да биде подготвен за Европското првенство во 2032 година, кое Италија ќе го организира заедно со Турција.
Спорт
Почнува сезоната во Евролигата, титулата ја брани Фенербахче

Вечерва, започнува новото, 26-то издание на Евролигата. Честа да ја отворат новата сезона од 18 часот ја добија Дубаи и Партизан, односно Хапоел Тел Авив и Барселона (овој натпревар се игра во Софија).
Покрај овие два натпревари на првиот ден од Евролигата, на програмата се уште пет натпревари.
Евролига, прво коло:
Анадолу Ефес – Макаби (19.45 часот)
Црвена звезда – Олимпија од Милано (20)
Панатинаикос – Баерн Минхен (20.15)
Басконија – Олимпијакос (20.30)
Виртус Болоња – Реал Мадрид (20.45)
Среда:
Монако – Жалгирис (19.30)
Фенербахче – Париз (19.45)
Асвел – Валенсија (20)
Дубаи и Хапоел се дебитанти во елитното натпреварување, а Валенсија ќе игра наместо Алба оваа сезона. Значи, за прв пат ќе има 20 клуба ќе се борат за титулата во Евролигата, кој ја бранат кошаркарите на Фенербахче.
Ова значи повеќе кола, наместо претходните 34, сега ќе има 38 кола. Ќе има повеќе двојни кола, дури 10. А веќе во првата недела од натпреварувањето, го имаме првото двојно коло.
Како и во последните две сезони, 10 екипи го продолжуваат натпреварувањето по основниот дел, кој завршува на 17 април.
Првите шест екипи ќе се пласираат директно во плејофот (28 април до 13 мај), а седмиот, осмиот, деветтиот и десеттиот тим ќе играат плеј ин (21 до 24 април) за да ги пополнат преостанатите две места во плејофот.
Фајналфорот ќе се игра во Атина од 22 до 24 мај.