Спорт
Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија
Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).
Алимпијевиќ се договори со КСС за тригодишна соработка и ќе го замени Светислав Пешиќ на функцијата.
„Во тој период, Алимпијевиќ ќе ги преземе сите одговорности поврзани со подготовките на националниот тим за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство („прозорци“ на ФИБА), како и меѓународните натпреварувања.
Алимпијевиќ е признат како личност која поседува експертиза, авторитет и посветеност потребни за водење на националниот тим на највисоко ниво, а воедно внесува и нова енергија потребна за постигнување резултати, кои секогаш се очекуваат од сениорската репрезентација на Србија.
КСС навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни чекори поврзани со формирањето на стручниот штаб и планот за подготовка“, се вели во соопштението.
Алимпијевиќ е предводник на новата генерација млади српски тренери, кои веќе постигнаа одлични резултати и го потврдија својот квалитет на европската сцена.
И покрај фактот дека е многу млад тренер, Алимпијевиќ веќе има завидно искуство во натпреварувања како што се Еврокупот и Евролигата, вклучувајќи ја и наградата за тренер на годината во Еврокупот 2022.
Тој моментално е тренер на Бешикташ, тим кој се натпреварува во Еврокупот, па претстојните „прозорци“ во квалификациите за Мундобаскетот нема да бидат проблем за него, бидејќи тогаш нема да има натпревари во второто најсилно натпреварување во клупската кошарка.
Во својата тренерска кариера работеше во ФМП, Црвена звезда, потоа постигна одлични резултати во тимот на Бурса, кои го препорача во Бешикташ, каде се уште работи.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

