Црна хроника
Уапсени мажи од Битола и од Кривопаланечко: возеле под дејство на алкохол

Денеска во 00:16 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Т.(40) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.Ѓ.(51) од село Конопница, кривопаланечко. Постапувајќи по претходна пријава дека во село Тлминци, кривопаланечко, управувал товарно моторно возило под дејство на алкохол, полициските службеници го сопреле возилото и по преземени мерки измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен маж од Македонска Каменица поради семејно насилство

Полицијата синоќа го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица.
Приводувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга, соопшти МВР.
Информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пронајден починат маж во дворот на куќа во Драчево

Во полицијата, вчера било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат 68-годишниот Љ.Т. од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Од МВР информираат дека бил извршен увид.
Црна хроника
Жена ограбена во својот стан во Центар, кој не бил заклучен

Вчера на подрачјето на Центар, непозната жена влегла во стан кој не бил заклучен и одзело два паричници – едниот со пари, а другиот со пари и лични документи.
Случајот во 16:20 часот го пријавила сопственичката на станот, 34-годишната А.П. од Скопје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.