Спорт
Милан ќе отвори преговори со Левандовски

Раководството на Милан прави список на желби на фудбалери што ќе се обидат да ги доведат веќе во јануарскиот или евентуално летниот преоден рок, на врвот на листат е името на Роберт Левандовски.
Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе го контактирал менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и започнал преговори.
Фактот дека договорот на искусниот напаѓач со Барселона истекува на крајот од сезоната, значи дека тој во јануари може да преговара и да потпише за друг клуб.
Каталонски „Спорт“ го спореди полскиот напаѓач со искусниот Лука Модриќ, кој неодамна пристигна во Милано по завршувањето на договорот со Реал Мадрид.
„Како и Модриќ, Левандовски е играч кој одлично се грижи за своето тело, исхрана и подготовки. Затоа е му е лесно да биде конкурентен дури и во ветеранските години“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Томас Милер има нов трофеј во својата колекција

Кариерата на Томас Милер во Ванкувер Вајткепс доби нова димензија во ноќта помеѓу среда и четврток, а Милер го освои 35-от трофеј во својата кариера.
Ванкувер Вајткепс го победија својот градски ривал Ванкувер со 4:2 и го освоија Купот на Канада четврти пат по ред. За да биде сè уште поинтересно, двата тима од Ванкувер го одиграа својот прв дуел, со оглед на тоа што не се натпреваруваат во исти лиги. Вајткепс играат во МЛС, додека Ванкувер се натпреварува во канадската Премиер лига.
Милер забележа асистенција и постигна гол од пенал и со тоа придонесе за освојување на титулата. Ова беше 300-тиот гол на Милер во неговата кариера, но што е поважно, 35-тиот освоен трофеј. Всушност, Милер има и еден шампионски трофеј во младинското натпреварување со Баерн.
Ванкувер е вториот клуб со кој Милер освоил трофеј. Со Баерн освои 33, а со германската репрезентација беше светски шампион.
„Не играм фудбал само за да освојувам трофеи, сакам да бидам на теренот“, рече Томас Милер и дополни.
„Не сум најуспешниот германски фудбалер на сите времиња. Би рекол дека сум човекот со најмногу трофеи“.
Али Ахмед постигна два гола за победниците, а меѓу стрелците во финишот беше и Рајан Гулд, кој го одигра првиот натпревар по шестмесечна пауза поради повреда. Головите за Ванкувер ги постигнаа Тиерно Бах и Николас Мазкеида.
Новиот трофеј во Купот му донесе на Ванкувер директен пласман во Купот на шампионите на КОНКАКАФ. Минатата година, Вајткепс загубија во финалето од Круз Азул.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Шкендија против Рајо Ваљекано дебитира во главната фаза во Конференциската лига

Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано.
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот.
„Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири проговори и за противникот.
„Верувам дека не би било коректно да издвојам еден фудбалер на Рајо Вајекано, затоа што имаат многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до играта, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.“
„За нас е важно да имаме добра игра, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од ваква лига каква што е Ла Лига, која според мене е најсилниот шампионат во светот“.
Натпреварот во Мадрид ќе започне во 18.45 часот.
Foto/ kfshkendija.com
Спорт
(Видео) Халанд е пред Меси и Роналдо – 52 гола во 50 натпревари во Лигата на шампионите

Манчестер сити не успеа да победи во Монако, во второто коло во Лигата на шампионите. Бод на Монако му донесе поранешниот англиски репрезентативец Ерик Даер со гол од пенал во 90-та минута.
Двата гола за Сити ги постигна Ерилнг Халанд. Норвежанецот го одигра јубилејниот 50-ти натпревар во Лигата на шампионите.
Во исто време, тој постави рекорд за најмногу голови во првите 50 натпревари во елитното европско натпреварување. Со овие два против Монако, тој стигна до бројката од 52 погодоци.
Исто така, ова е неговиот осми натпревар по ред оваа сезона во кој постигнува барем еден гол.
Foto/ EPA