Соопштенија
Ние не водиме црна кампања, туку ја кажуваме црната вистина, која е резултат на политиките на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше на работна посета на пазарот во Куманово на новинарско прашање дека партијата водела црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.
„Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања , а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент“, рече Филипче.
Тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Мартин Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мирослав Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Мирослав Лабудовиќ на првото телевизиско соочување со своите конкуренти пред гледачите се обврза на посветена и одговорна работа постојано во текот на целиот мандат, а не, како што рече, непосредно пред изборите на само 3-4 месеци пред крајот на мандатот.
Во неколку зборови како порака ја искажа и својата визија за Центар.
Соопштенија
Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства

„Младите семејства и младата популација се столб на здрава заедница, затоа Општина Центар вложува во образовната и социјалната инфраструктура за да обезбеди достапна и сигурна грижа за децата”, истакна кандидатот за градоначалник Горан Герасимовски на средбата со универзитетскиот професор и раководител на Институтот за социологија, Ило Трајковски.
Герасимовски посочи дека по шест децении е изградена градинката „Пролет“ со капацитет од 170 деца, објект по скандинавски стандарди, а во план е изградба на уште една градинка со 100 места близу Клиничкиот центар.
„За да им излеземе во пресрет на младите семејства, воведуваме двосменско работење до 22 часот во градинките. Да потсетам дека месечната цена е само 1.490 денари по дете, значително пониска од онаа во приватните установи. Ова се конкретни мерки, а не празна реторика за вистинска поддршка на младите семејства”, рече Герасимовски.
Герасимовски и професорот Трајковски разговараа и за другите социолошки аспекти на младите во општеството, со акцент на вандализмот како сериозен проблем.
Истакнаа дека преку воспитувањето, образованието, но и воведување општествено корисна работа за младите, треба да се развие чувство за одговорност и почит кон јавното добро.
Соопштенија
Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси, велат од ЗНАМ

Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси. Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, реагираат од Движењето ЗНАМ на изјавата на Венко Филипче во Куманово.
„Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар а денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други веќе офајдени пензионери а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го одстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Дмитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продававачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство.
Второ, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија. И, тука се гледа кој е вистински а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевск носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го „дрмаше“ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри“.
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и Максим Димитриевски, додаваат од таму, се автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања.
Ние, потенцираат од ЗНАМ, не ги распродаваме националните и државните интереси.
Ние не си играме со македонските „црвените линии“‘ во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме се и правиме се спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи.
А, Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе доживее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата за да не заврши в затвор“.