Контакт

Соопштенија

Забазновска: Дали катноста на ОУ „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен

Објавено пред

Дали катноста во ОУ „Коле Неделковски“ одговара на урбанистичкиот план или законот е заобиколен?

dobivaj vesti na viber

По информација добиена од родители, кои се сомневаат во градбата на доградените објекти во училиштето, градоначалникот Герасимовски ни должи одговори, вели Магдалена Забазновска, кандидат за советник во Советот на Град Скопје.

„Затоа, го прашуваме Горан Герасимовски, дали од 1 септември, нашите дечиња од Центар и ОУ “Коле Неделковски”, учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измена во тек на градба?

Дали е точна информацијата дека за да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во технички простории?

Дали договорените и доградените делови во училиштето се диво изграден објект?“

Доколку овие информации се точни, рече таа, тогаш безбедноста на нашите деца е директно загрозена затоа посочи дека бараат одговорност од градоначалникот за овој објект.

„На Центар му се потребни промени, промени коишто треба да се случат веднаш“.

Соопштенија

Ивана Ѓорѓиевска, носителката на листата на советници од ЗНАМ: Куманово продолжува да се развива во уреден, достапен и функционален град

Објавено пред

Носителката на листата на советници од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен претседавач на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска денеска пред медиумите ги претстави приоритетите за идниот мандат во делот на урбаниот плански развој на општината.

dobivaj vesti na viber

Како што рече носителката на листата Ѓорѓиевска, со современи урбанистички решенија и модерна инфраструктура, Куманово ќе продолжи да се развива во поуреден, подостапен и пофункционален град.

„Создаваме средина во која секој граѓанин ќе има пристап до квалитетни јавни простори, сигурен сообраќај, зелени површини и современи содржини за рекреација, а воедно ќе се зачува и надгради урбаниот идентитет на градот. Куманово мора да се развива организирано, планирано и во интерес на граѓаните, за да остане град со јасна визија и стабилна иднина“ нагласи Ѓорѓиевска.

Затоа, вели таа во програмата на Движењето ЗНАМ е предвидено:

· Нов Генерален урбанистички план (ГУП) со проширен плански опфат и урбанизација на населбите: Карпош, Ајдучка Чешма, Иго Тричковиќ, Говедарски Пат и Железничка Станица.

· Ширење на градскиот опфат и планирање на нови урбани блокови со стандардизиран изглед на наменски зони планирани за домување.

· Инклузивно и одржливо урбанистичко планирање со фокус на јавниот интерес пред интересот на поединецот.

· Урбаните месни заедници ќе останат појдовна точка за учество на јавноста во процесите на урбанистичкото планирање.

Зацртани се и серија активности со кои треба да се остварат целите во урбаниот развој, како отстранување времени објекти кои го узурпираат јавниот простор. Изградба на

административно-деловен комплекс на локалитет Чоробенско ќоше и нов плоштад, подземна катна гаража со голем капацитет, и зелен урбан сквер поврзан со градскиот плоштад.

Дислокација на монтажната катна гаража пред нов Младински центар во НУЦК – Трајко Прокопиев, веднаш по изградба на подземниот паркинг во центар.

Планиран е нов урбан сквер и шеталиште до Спортската сала по должина на булеварот, спротив Градскиот кеј.

Ќе се уреди речното корито, ќе се реконструираат изворите со минерална вода во село Проевце, ќе се изврши уредување на просторот наменет за нови Градски гробишта и ќе се изврши реконструкција на фасади на сите значајни објекти во централното градско подрачје, како и повеќе други проекти.

Куманово, најави Ѓорѓиевска, ќе се развива урбано со тоа што плански ќе се организира просторот. Со тоа ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните и ќе се заштити животната средина и, при тоа, ќе создадат услови за одржлив економски и социјален развој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мирослав Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Мирослав Лабудовиќ на првото телевизиско соочување со своите конкуренти пред гледачите се обврза на посветена и одговорна работа постојано во текот на целиот мандат, а не, како што рече, непосредно пред изборите на само 3-4 месеци пред крајот на мандатот.

dobivaj vesti na viber

Во неколку зборови како порака ја искажа и својата визија за Центар.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства

Објавено пред

„Младите семејства и младата популација се столб на здрава заедница, затоа Општина Центар вложува во образовната и социјалната инфраструктура за да обезбеди достапна и сигурна грижа за децата”, истакна кандидатот за градоначалник Горан Герасимовски на средбата со универзитетскиот професор и раководител на Институтот за социологија, Ило Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Герасимовски посочи дека по шест децении е изградена градинката „Пролет“ со капацитет од 170 деца, објект по скандинавски стандарди, а во план е изградба на уште една градинка со 100 места близу Клиничкиот центар.

„За да им излеземе во пресрет на младите семејства, воведуваме двосменско работење до 22 часот во градинките. Да потсетам дека месечната цена е само 1.490 денари по дете, значително пониска од онаа во приватните установи. Ова се конкретни мерки, а не празна реторика за вистинска поддршка на младите семејства”, рече Герасимовски.

Герасимовски и професорот Трајковски разговараа и за другите социолошки аспекти на младите во општеството, со акцент на вандализмот како сериозен проблем.

Истакнаа дека преку воспитувањето, образованието, но и воведување општествено корисна работа за младите, треба да се развие чувство за одговорност и почит кон јавното добро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија4 часа

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија4 часа

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија6 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија6 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија8 часа

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет10 часа

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет10 часа

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет10 часа

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет10 часа

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија10 часа

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...

Свет24 часа

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија1 ден

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет1 ден

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...

Македонија1 ден

Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во...

Топ1 ден

Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје

Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба...

Македонија1 ден

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија1 ден

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија1 ден

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија1 ден

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...