Спорт
Арсенал не знае колкава пауза го чека Одегард
Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, не мкже да фати континуитет поради повредите од почетокот на сезоната. Норвежанецот беше заменет во првото полувреме, во победата на Арсенал над Вест Хем со 2:0.
Мартин Одегард нема да биде со својата репрезентација, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
„Мартин Одегор се повлече од норвешката репрезентација откако претрпе повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено“, се вели во соопштението на клубот.
„Мартин ќе продолжи со лекувањето и проценките во нашиот медицински центар во Лондон Колни за време на репрезентативната пауза, со цел што поскоро да се врати на теренот.“
Оваа повреда дополнително ја искомплицира ситуацијата за Микел Артета, кој веќе се соочува со низа проблеми во тимот.
Каи Хаверц, Габриел Жезус и Пјеро Хинкапие се исто така на списокот на повредени.
Одегард мораше да го напушти натпреварот во 30-тата минута од натпреварот против Вест Хем по судирот со Крисенсио Самервил.
Со ова Норвежанецот постави неславен рекорд. Стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој започнал три натпревари по ред, но бил заменет пред полувремето.
Претходно тоа му се случи против Лидс и Нотингем Форест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

