Соопштенија
Ивановска: СРЦ Кале е пример за објект кој со децении пропаѓа поради штетни договори и несоодветно управување

Биљана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од коалицијата Шанса за Центар, поддржана од граѓанската платформа Независни заедно, заедно со носителите на советничките листи за Општина Центар – Јане Димовски и за Град Скопје – Јана Белчева-Андреевска, денес одржаа теренска прес-конференција посветена на иднината на Спортско-рекреативниот центар „Кале“.
„Во нашата општина Центар, здравјето ќе биде врвен приоритет. Спортот е предуслов за здрав живот и затоа ќе биде достапен за секој жител. СРЦ Кале е пример за објект кој со децении пропаѓа поради штетни договори и несоодветно управување. Ревизорските извештаи бараат Владата да преземе мерки за заштита на државниот имот, а ние како општина ќе се заложиме, заедно со централната власт, Кале повторно да се стави во функција и да стане дел од современите содржини за спорт и забава“, изјави Ивановска.
Во визијата на тимот, како што беше појаснето, вложувањето во спортот е оправдано само ако тој е достапен за сите жители, особено за младите. „За нас спортот не смее да биде луксуз. Нашата должност е да обезбедиме услови за лесен пристап и модернизација на спортските објекти, со широки програми за масовен спорт. Кале ќе го отвориме за училиштата, универзитетите и сите граѓани, а општината ќе обезбеди соодветна опрема“, додаде таа.
„Средства има, ако приоритетите се постават правилно. Нашата цел е во управувањето да важат нови вредности – грижа за граѓаните, а не профит за поединци и партии“, порачаа од Шанса за Центар.
Носителката на советничката листа на Независни заедно за Град Скопје, Јана Белчева Андреевска, истакна дека тесно ќе соработуваат градските власти со општинските за повторно да се искористи потенцијалот на СРЦ Кале и на околината.
„Ова е подрачје кое е потенцијал за целиот град. Капацитетот конкретно а овој простор е 3000 луѓе кои може да учествуваат во спортско-рекреативни активности. Мора да биде приоритет и на градот со општината да може да се возобнови не само како објект туку и како целосно решение за просторот кој ќе им служи на граѓаните и кој нема да биде управуван за тесни интереси или за политичка поделба меѓу малкумина моќници“ вели Белчева Андреевска.
Носителот на советничката листа на граѓанската иницијатива Шанса за Центар – Независни заедно, Јане Димески, се осврна на проблемот со дивата депонија која, како што оцени е на само неколу стотини метри од зградата на владата, како резултат на недостатокот на политики за справување со отпадот и на ниво на општина Центар и во градот Скопје.
„ Ова е резултатот кога им давате на работникците кои ви реновираат по дома за неколку стотки да ве ослободат од отпадот. Тој завршува тука и на слични локации. Ќе направиме постојани локации за собирање на кабастиот отпад. Просторот како овој тука бараат постојан видео и човечки надзор за да се спречи ова нелегално фрлање на отпад, најмалку јавното претпријатие ПОЦ да добие компостара за да не ги носи лисјата и гранките кои ги собира по општината на депонија, туку да ги компостира, ни треба драстично проширување на начинот на селекција на отпадот од граѓаните наместо овој средновековен начин кој го имаме во моментот“ вели Димески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ристески: Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, се обрати денес на народниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
,,Македонски Брод е нашата емоција, нашето минато, нашата иднина, но и нашата сегашност. Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради. Излегуваме со конкретна програма, програма која ја работевме со вас, програма која има конкретни и реални проекти. Почитувани јас во наредниот мандат нема да ветувам чуда, туку само чесна работа и остварливи и реални проекти“, рече Ристески.
Ристески истакна дека фокусот ќе биде ставен на реални проекти, како и нови можности за младите, како и за инфраструктурни подобрувања. Тој додаде дека ќе се посвети на локалниот економски развој:
,,Ќе отвориме нови можности за младите. Ќе продолжиме со инфраструктурни проекти, социјална поддршка на сите категории, локален економски развој“, кажа Ристески и додаде:
,,Ветувам, комплетна реконструкција и изграба на сите локални патишта „Здрава храна за секое дете“ , повторно пуштање во употреба на училишната кујна. Субвенционирање за возачки испит за секој средношколец кој ќе дипломира во нашето средно училиште. Доделување на стипендија за студенти кои завршиле во нашето училиште и се запишале на високо образование во делот на туризам. Организиран бесплатен превоз за децата во детската градинка. Реконструкција на средното училиште , ученичкиот дом, детската градинка со енергетско ефикасни материјали и поставување на фотоволтаична централа. Реконструкција, реставрација и уредување на речното корито на реката Треска во долж централното градско подрачје во Македонски Брод“.
Ристески апелираше до граѓаните да продолжат со поддршката за развој на Македонски Брод, и ги повика да гласаат за број 9.
,, Ве повикувам да продолжиме заедно. А, не да прекинеме таму каде што започнавме. На 19 октомври сите масовно да излеземе и да гласаме. За нашиот Македонски Брод за бројот 9 , бројот 9 за градоначалник, број 9 за советничката листа , број 9 за нашата Македонија. За нашето, твоето место, за нашата заедничка иднина, за проекти, за развој на општина Македонски Брод“, заклучи Ристески.
Соопштенија
Велјановски: Општина Долнени ќе биде пак убаво место за живеење

Сашко Велјановски, кандидат за градоначалник за општина „Долнени“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и потенцираше дека општина Долнени изминативе години со претходната власт како резултат на нивната неспособност, претрпела економска, духовна и морална криза.
„Сосема е јасно дека нашата општина во изминатиов мандат претрпи економска, духовна и морална криза. Тие кризи се настанати, заради нашиот колективен неуспех да се ослободиме од хипокризијата и неспособноста на претходното општинско водство. Заради тоа развојот на општина Долнени е во статус кво и е на ниво на непостоење. Затоа, на овие избори, треба да се фокусираме на оние кои што се добри, кои што сакаат, можат и имаат истрајност и знаење за да придонесат за еволутивен раст на општина Долнени“, истакна Велјановски.
Велјановски потенцираше дека со обединетост, и издржливост општина Долнени ќе победи, и повторно ќе застане на свои нозе.
„Со обединетост, издржливост и колективен дух за развој, можеме да ги пребродиме ветриштата на уништувањето што ги носат арамиските тајфи што ги предводи ДУИ, и како граѓани на општина Долнени, да излеземе попаметни и посилни од стегите на овие пророци на апокалипсата за нас и нашата општина. Почитувани сограѓани, успехот не е прашање на среќа или случајност. Тоа е резултат на заеднички напорна работа, дисциплина и одлучност да се пробијат тешкотиите и препреките во нашите животи инсталирани од измамниците. Да не дозволиме моментите на тешкотии да не скршат. Да не дозволиме стравот од неуспех да не спречи. Мораме да станеме и да продолжиме, бидејќи само така ќе го постигнеме она што го сакаме во животот“, рече Велјановски.
Соопштенија
(Видео) Грозданов: Доста беа празни ветувања, доста беа милиони суми, време е Кочани да се разбуди

Време е Кочани да се разбуди. Доста беа празни ветувања, доста беа милиони суми. Доста беше застој и разочарување, време е да веруваме во сопствените сили, во нашиот народ, во нашите луѓе. Кочани има големо срце, има вредни луѓе, има млади што сонуваат и сакаат да останат овде. Има земјоделци што работат и се што се борат. Има семејства што го заслужуваат најдоброто. Токму тие луѓе се мојата најголема мотивација, вели Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Не влегувам во трка за политика, додават тој, туку за промена.
„За чисти улици и за уреден град, за нови работни места, за можности, за сите. За да изградиме Кочани во кое сакаме да живееме, и да останеме.
Јас како кандидат и овој тим позади мене ја има целосната поддршка од Владата на Република Македонија. Има тим со чесни луѓе, вредни и стручни. Ќе покажеме дека можеме поинаку, со работа, со одговорност, и со љубов кон градот.
Верувам во вас, верувам во Кочани, верувам дека повторно ќе станеме пример.
Ќе го изградиме градот, во достоинство и заедништво. Заедно можеме да го направиме тоа, да го подигнеме гласот за промената, да го подигнеме Кочани. Кочани заслужува повеќе, Кочани заслужува нов почеток“.