Соопштенија
(Видео) Саракинов: Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија.
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев во 2021 година кога ја доби довербата на карпошани, ја доби со лаги за проекти кои до ден денес не се почнати, еден таков проект е и ветувањето за пензионерски дом, кој според Стевчо требал да биде изграден покрај булевар Илинден, истакна Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
„За да биде уште поубедлив во лагите, Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека пензионерскиот дом, покраj апартмани и физикална терапија, ќе има и простор за здравствена заштита, како и простор за забава и рекреација. Ветување како клиника во мало.
Овде нема ниту пензионерски дом, ниту на повидок е нешто такво.
Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев лажеше 2021 година. Лаже и сега. Разликата што тогаш карпошани му поверуваа. Сега на истите лаги никој повеќе не му верува. Стевчо Јакимовски оди во политичка пензија заедно со неговите другари Филипче и Заев“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мицкоски: Шуто Оризари ќе стане пристојно место за живеење

На денешниот митинг во Шуто Оризари во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Шуто Оризари ќе стане пристојно место за живеење, ќе се решаваат инфраструктурни проекти каде граѓаните ќе имаат квалитетен живот.
„Многу ми е драго што сум тука, во Шуто Оризари – место со многу проблеми, но со големо срце и душа. Долго време оваа општина беше ставана на маргините. Предолго време беше поттурнувана на страна, беше газено достоинството и честа на луѓето. А оваа општина е на само неколку километри од центарот на градот, но со супстандардни услови. Тоа што политичарите тука доаѓаа само пред избори, ветуваа и не остваруваа ништо, само покажува колку го потценуваа народот на Шутка. Тоа не смее повеќе да се повторува, а и вие добро ги знаете тие луѓе кои на Шуто Оризари гледаа само како на гласачка машинерија. Јас ве гледам во очи, стојам пред вас и ви велам дека Шуто Оризари мора да оди напред, да прави крупни чекори и да ги решава крупните проблеми. Времето кога на општината се гледаше како на место за богатење на неколкумина, а тие ја третираа како своја приватна фирма завршува. Бидете мудри, овој пат вие, граѓаните, одлучувате. Секој ваш глас овде се брои и е важен. Знам дека сега доаѓаат и ви нудат разноразни непринципиелни понуди, пари и поткупи. Слушам дека има и такви кои нема да жалат да го одврзат ќесето само за да добијат глас повеќе. Но овој пат постапете мудро за иднината на вашите деца. Запрашајте се: кој може да направи повеќе? Тие што ви нудат поткуп, или ние што ви нудиме работа, проекти и подобри услови за живот? Јас нема да ветувам непринципиелни работи, ниту пак да ветувам нешта што не можам да ги исполнам. Но ви ветувам работа и решавање на проблемите со кои секојдневно се соочувате. Длабоко ве почитувам и ве гледам како мои соседи, пријатели и искрени луѓе“ кажа Мицкоски.
Мицкоски освен останатите проекти потенцираше дека во план е амбуланта во Шуто Оризари.
„Амбуланта во Шуто Оризари која знам колку е потребна и заедно со поликлиниката која ќе почне да се гради во соседна општина Бутел, мислам дека со ова здравјето на жителите во Шуто Оризари ќе добие едно повисоко ниво на третман, а ние како Влада тоа ќе го направиме,“ кажа Мицкоски.
Соопштенија
Мисајловски: Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно и со срце

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на народниот митинг во Шуто Оризари, кој е во рамки на изборната кампања 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври.
Мисајловски зборуваше за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, и истакна дека тој е човек кој ги разбира потребите на жителите на општина Шуто Оризари и има план како истите да ги реши. Тој додаде дека со помош на Владата, во општината ќе се реализираат многу проекти од различни сфери.
,,Да ја изградиме оваа општина како што навистина заслужува, модерна, чиста, безбедна и полна со можности за сите генерации. Време е Шуто Оризари да се исправи гордо. Шуто Оризари е симбол на храброст, заедништво, место до душа, со историја, со огромен потенцијал. Но, време е тој потенцијал конечно да се реализира“, рече Мисајловски.
Како што вели тој, жителите на оваа општина заслужуваат локална власт која работи чесно и транспарентно, а дека кандидатот за градоначалник е човек кој обединува.
,,Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно, и со срце. Не ни требаат празни ветувања, туку конкретни резултати. На Шуто Оризари му е потребен градоначалник кој ги разбира проблемите на граѓаните и има план како да ги реши. Човек кој не дели туку обединува“, кажа Мисајловски.
Според него, со поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Шуто Оризари ќе добие инвестиции, со цел модернизирање на општината и обезбедување подобар живот за граѓаните.
,,Шуто Оризари не смее и нема да биде заборавена општина. Со поддршка на Владата, Шуто Оризари ќе ги добие сите неопходни инвестиции, во инфраструктурата и во сите јавни услуги“, нагласи Мисајловски.
Мисајловски апелираше до граѓаните да излезат на гласање за локалните избори и да ја дадат поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде градоначалник за сите подеднакво.
,,На денот на изборите излезете и покажете дека заедно можеме да постигнеме нешто големо. Гласајте за иднината, гласајте за Ерџан Демир, и за новото Шуто Оризари кое ќе покаже вистински потенцијал. Нашиот градоначалник ќе биде градоначалник на сите, на секое семејство, на секое дете, за секоја улица“, заклучи Мисајловски.
Соопштенија
Демир: Шуто Оризари е дел од Скопје и затоа треба да биде средено

Ерџан Демир, кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата на денешниот митинг во Шуто Оризари во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на проектите планирани за општината.
„Другите велеа дека Шуто Оризари мал Парис ќе го направат, а шајка не заковаа, засадија палма и мислеа општината Дубаи ја направија. Ние сме поинакви тоа што го кажуваме тоа и го реализираме“, кажа Демир.
Како што рече кандидатот за градоначалник Демир, Шуто Оризари е дел од Скопје и затоа треба да биде средено.
„Во иднина заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе направиме Шутка да биде средена, да нема смет. Целата општина ќе биде средена, општината ќе биде подобро место за живот“, рече Демир.