Спорт
Мастерсот во Шангај доби сензационален полуфиналист
Валентин Вашеро, 211-от тенисер во светот кој игра под знамето на Монако, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.
Иако целосен аутсајдер, Вашеро го победи Холгер Руне во три сета, со 2:6, 7:6, 6:4.
Мечот беше решен откако поради грчевите Данецот не можеше да стои, а во последните поени беше целосно беспомошен.
Вашеро го искористи тоа и стигна до најголемиот успех во својата кариера, но секако мора да му се оддаде признание за она што го направи претходно.
Во вториот сет беше на работ на пораз, но играше феноменално во тај-брејкот и спречи елиминација, а подоцна, со грчевите на Руне, успеа да слави.
Инаку, ова беше негов шести меч во Шангај, од кои еден доби кога Махач му го предаде мечот, а во другите пет, внимавајте, победи откако го губеше првиот сет, а потоа успеваше слави по пресврт.
Во борбата за финалето во Шангај, негов ривал ќе биде победникот мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Горочатеги во 92-та минута го реши баскиското дерби
Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија Атлетик Билбао со 3:2 во 11-то коло од шпанската Ла Лига.
Дербиот на Баскија се играше во Сан Себастијан, на стадионот „Реале Арена“ пред околу 30.000 луѓе. Натпреварот беше интензивен, Атлетик два пати се враќаше во натпреварот, на крајот херој на Сосиедад е Горотачеги.
Во 38-та минута Браиз Мендес ја затресе мрежата на Билбао, но радоста на домашните траеше само четири минути. Горока Гурусета изедначи на 1:1.
На почетокот од вториот дел од натпреварот, веднаш по почетниот удар, Португалецот Гонзало Гуедеш, со прекрасен потег се ослободи од својот чувар и им ја врати предноста на домашните.
Сепак, половина час подоцна, откако беше поништен голот на Закаријан за 3:1, Наваро успеа да погоди за 2:2 и да внесе дополнителна драма во баскиското дерби.
Реал Сосиедад победата ја обезбеди во втората минута од судиското надополнување на времето, на асистенција на Ојарсабал, Горочатеги го постигна голот за победа од 3:2.
Сосиедад го забележа третиот триумф, со 12 бодови се наоѓа на 13-то место. Атлетик го доживеа третиот пораз во последните пет натпревари, со 14 бодови на табелата се наоѓа на 10-то место.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Челзи го победи омилениот градски ривал ривал
Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем со 1:0 во дербито на 10-то коло од Премиер лигата. „Сините“ беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, а на крајот голот на Бразилецот Жоао Педро го реши победникот.
Ова беше петта последователна победа на тимот од „Стемфорд Бриџ“ против Тотенхем, кои во претходните 18 меѓусебни дуели остварија само еден триумф со три нерешени резултати и дури 14 порази.
За единствениот голл на натпреварот најголема заслуга има Каиседо, најпрвион одзеде топка, а потоа идеално му асистираше на Педро. Инаку, Бразилецот го постигна првиот гол за Челзи уште од август.
Que jugadorazo es Caicedo, la recupera y luego la pierde el down de Neto, la vuelve a recuperar y da asistencia para el gol de João Pedro pic.twitter.com/RHLTY3km1L
— Jeff (@JeffFcb14) November 1, 2025
Педро имаше уште неколку шанси во текот на натпреварот, но не беше прецизен.
Тотенхем не создаде сериозна можност барем да освои бод и да го направи дербито поинтересно.
Челзи можеше да го зголеми водството во судиското продолжение, но Гитенс и Педро не успеаја да ја погодат мрежата.
Спорт
(Видео) Вања одбрани пенал, Елмас одличен – Реми меѓу Наполи и Комо
Без победник (0:0) заврши дуелот од 10-то коло од Серија А помеѓу Наполи и Комо. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас играше од 37-та минута, кога влезе на теренот на местото на повредениот Били Гилмор. Одигра одлиќен натпревар, беше еден од најдобро оцентите играчи во редовите на Наполи.
Комо го имаше поседот на топката на почетокот, што е донекаде неочекувано, а потоа во 24-та минута, гостите добија пенал. Мората ја избегна офсајд стапицата, падна во шеснаесетникот по контактот со голманот ВањаМилинковиќ-Савиќ, а судијата покажа на пенал.
Мората ја презеде одговорноста, но неговиот удар српскиот голман го одбрани. Нестварно звучи податокот дека Вања Милионковиќ-Савиќ одбрани шест од последните десет пенали во Серија А. Во минатото коло одбрани пенал во Лече.
🚨🇮🇹 ALVARO MORATA HAS MISSED THE PENALTY FOR COMO! ❌
pic.twitter.com/Zsc5Hqt2c0— TheGoalsZone ✨ (@TheGoalsZone) November 1, 2025
Наполи по првото реми оваа сезона остана лидер, со меч повеќе има 22 поени, Рома е на 21, следат Интер и Милан со по 18. Комо се наоѓа на петтото место со 17 поени.

