Спорт
(Видео) Дебакл на Црна Гора, Хрватска освои бод во Прага, БиХ во 96-та минута остана без победа

Октомврискиот прозорец во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот започна со понижувачкиот пораз на Црна Гора, ремито на Хрватска во Прага и траедијата на Босна и Херцеговина, која во 96.минута остана без победата против Кипар.
Црна Гора на дебито на новиот селектор Мирко Вучиниќ доживеа дебакал на Фарските острови. Домашната селекција победи со 4:0.
Херои на Фарските острови беа Ханус Соренсен и Арни Фредериксберг, кои по два пати го совладаа Иван Никиќ.
Соренсен постигна гол во 16-та и 55-та минута, додека Фредериксберг беше стрелец во 36-та и 71-ва минута од натпреварот.
Во рамките на оваа Л група. Чешка и Хрватска одиграа нерешено без голови во Прага.
Хрватите се задоволни од освоениот бод против директниот конурент. Двете селекции сега имаат по 13 поени, но Хрватска има подобра гол разлика и натпревар помалку од Чешка.
Фудбалерите на Босна и Херцеговина, во Х групата ремизираа со Кипар со 2:2 и останаа без важни бодови во борбата за Светското првенство.
Момците на Сергеј Барбарез поведоа по десет минути игра, кога Никола Катиќ се најде на вистинското место и ја смести во мрежата.
„Змејовите“ го удвоија водството благодарение на голманот на Кипра, Михаило. Тој ја фати топката по корнер, но падна и ја смести во мрежата. Тој сигнализираше дека е фаулиран во таа прилика, но залудно.
Сепак, Кипар успеа да го намали резултатот до крајот на првото полувреме. Стоперот Лаифис беше стрелец на голот.
Во второто полувреме, домашните се обидоа да израмнат и успеаја во судиското надополнување на времето. Шуњиќ стратуваше невнимателно, направи пенал, а Питас му донесе бод на својот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе за Винисисус: Подобро е од минатата година

Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид.
Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач.
Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал:
„Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата сезона бидејќи се познаваме подобро. Тој е одличен фудбалер и одлична личност“, рече Мбапе и додаде.
„Нашата цел е иста, да му помогнеме на Реал Мадрид да освојува титули.“
Килијан Мбапе е најдобар стрелец во Ла Лига со девет гола, на таа листа, Винисиус е трет со пет гола.
Фото/ „Икс“
Спорт
Милан се распрашува за Бернардо Силва

Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити.
Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната.
Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно е дека може да игра уштеуште неколку сезони на врвно ниво.
Силва пристигна во Сити од Монако во летото 2017 година за 50.000.000 евра. Ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Одигра неверојатни 416 натпревари, со 72 гола и 74 асистенции.
Спорт
Рој Кин: Би сакал Симеоне да го замени Аморим

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант.
Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ.
Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин.
Тој тврди дека Диего Симеоне би бил идеално решение за клупата на Јунајтед.
„Ако некогаш се отвори место за нов тренер, го кажувам ова веќе некое време – би сакал (Диего) Симеоне од Атлетико Мадрид да ја преземе таа позиција. Мислам дека би создал хаос, но добар хаос. Тој би го направил тоа. Нема гаранција, но би сакал само да го видам неговиот карактер. Начинот на кој игра неговиот тим би се вклопил совршено во клубот, иако тој не е толку дефанзивно настроен како што мислат некои луѓе“, рече Кин, додавајќи:
„Луѓето можеби размислуваат за неговиот стил на фудбал, но тие постигнаа пет гола против Реал Мадрид минатиот викенд. Не му се допаѓа што неговите тимови примаат многу голови или примаат многу шанси, но тие можат да играат и да се борат.“
Фото/ Принтскрин