Соопштенија
(Видео) Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
„Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација“.
Според него, подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
„Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Пеев: Имаме план за нова регионална патна врска Ѓавото-Грчиште и ќе го реконструираме системот за водоснабдување во Богданци

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
Пеев посочи дека треба конечно да се стави крај на самоволието кое ги одредува општинските политики и кажа дел од проектите и плановите за Богданци.
„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое ги одредува општинските политики. Во програмата имаме големи планови за општина Богданци. Итно ќе ги донесеме урбанистичките планови за Богданци и урбанистичка документација за села потребни за развој на општината. Ќе инвестираме во соларна фарма за производство на електрична енергија за потребите на пумпна станица во Ѓавото, ќе обезбедиме поврзување на сите населени места со Богданци преку субвенциониран општински линиски превоз, ќе инсистираме препораките од ИЗИИС да се исполнат и образовниот процес на основците да се врати во објектот на основното општинско училиште Петар Мусев Богданци, имаме сериозен план за подобрување на локалната инфраструктура преку патна поврзаност со нова регионална врска Ѓавото-Грчиште, реконструкција на систем за водоснабдување во Богданци, реконструкција и ревитализација на локални улици во сите населени места, обнова и изградба на детски и спортски игралишта, ќе ја доизградиме инфраструктурата во индустриските и туристичката зона, поддршката за младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани нема да биде само декларативна туку и суштинска. Културните збиднувања и настани ќе ги издигнеме на повисоко ниво и ќе бидат достапни за сите“, кажа Пеев.
Пеев ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за Богданци да стане посакувано и поубаво место за живеење.
„Во наредните 4 години општина Богданци ќе стане посакувано место за живеење, планираме да изградиме професионална и ефикасна администрација и да донесеме низа стратешки документи битни за развој на општината. Имаме обврска секоја институција, секој јавен простор и секоја услуга во надлежност на општината да ја направиме достапна за сите. Нема да биде лесно затекнавме инфраструктурно руинирана општина но имаме многу проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци. Мнозинството граѓани знае да ја направи разликата помеѓу вредни, посветени луѓе со реални ветувања од една страна и луѓе кои имаат ветувано се и сешто без реализација. Направете го вистинскиот избор за општина Богданци. Заокружете број 9“ заклучи Пеев.
Соопштенија
Николоски: Темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица е во очај и тешка паника и затоа треба масовна излезност

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Николоски зборуваше за опозициската структура, СДСМ-ДУИ-Левица, кои како што кажа, водат црна кампања за претстојните локални избори. Тој упати и прашање до претседателот на СДСМ, околу случувањата со ковид кризата во земјава, во време кога Венко Филипче беше министер за здравство. Николоски потсети на скандалозните тендери со вакцините, како и недостатокот на вакцини, а и на тоа дека Македонија за време на неговиот мандат се искачи на врвот на црните листи, поради неговото лошо менаџирање со здравствениот сектор.
„Целокупниот фокус на Владата е насочен кон подобрување на стандардот, кон подобрување на начинот на живот. Но, исто така, мора да знаеме дека на другата страна, имаме структура, имаме луѓе коишто поинаку размислуваат, кои што сакаат да не вратат назад. Тоа е темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица, коишто водат најцрна можна кампања, откако сме виделе кампања во избори. Тие се во очај, во тешка паника, и затоа треба масовна излезност. За да ставиме точка, да не оставиме простор на ниеден од нив, да мисли дека овие процеси се повратни и да мислат дека било што можат да направат за повторно да дојдат во позиција да одлучуваат за иднината на Македонија“, рече Николоски и додаде дека оваа коалиција треба да исчезне по локалните избори:
„Таа коалиција на Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Апасиев, треба да исчезне после овие избори, со цел да можеме да се фокусираме на она што е најбитно, најзначајно, а тоа е економскиот раст и просперитет“.
Николоски упати прашање до претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во врска со состојбата за време на ковид пандемијата, кога Министерството за здравство беше под покровителство на Филипче. Прашањето се однесуваше на, како што вели Николоски, црната статистика, според која Македонија заврши на врвот на истата, поради лошиот менаџмент од страна на Филипче, што ги доведе граѓаните да чекаат донации од други земји, или да одат во тие во регионот.
,,Со денови претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одбегнува еден одговор, на едно многу едноставно прашање, а тоа е: Како дозволи како министер за здравство да Македонија во црните листи, за жал е на врвот, односно Македонија најлошо да се справи со корона кризата и зошто десетици, стотици семејства останаа завиени во црно, заради неговиот лош менаџмент во здравството, заради криминалните тендери со набавка на вакцини. Па кога истата шема беше откриена, од нас тогаш како опозиција, да нема никакви вакцини и да треба луѓето да одат во соседните држави, за да можат да си го спасат животот или да чекаме тука донации. Тука беа и набавките по три пати до десет пати повисоки цени на заштитна опрема, што не донесе како држава на црната статистика во врвот. Може ли да даде одговори кога оди и вели салата правел или не знам што правел, како Македонија стигна до овие бројки“, вели Николоски.
Според Николоски, одговорот на прашањето е едноставен: „Одговорот е многу едноставен и затоа бегаат, како што и во тоа време мислеа само на криминал и корупција“.
Соопштенија
Филипче: Време е за промени во Брвеница со Светлана Митреска Анџелскоска

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денес на граѓанската трибина во Брвеница, нагласи дека овие избори се одлучувачки за иднината на општината и за начинот на водење на локалната власт, повикувајќи на обединување околу планот и програмата на кандидатката за градоначалник на СДСМ, Светлана Митреска Анџелскоска.
„Визијата за Брвеница која Светлана Митреска Анџелскоска сака да ја реализира е општина што ќе биде сервис на граѓаните, место каде младите ќе остануваат и ќе имаат шанса за развој, каде семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а пензионерите достоинствено. Но оваа визија не може да се оствари без обединета сила на граѓаните, без глас што бара промена и чесност. Сега потребен глас за иднината на Брвеница“, порача д-р Филипче.
Тој изрази разочараност од четиригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница и нагласи дека најважните и клучни проекти за граѓаните од Брвеница не ги реализирал актуелниот градоначалник и дека непосредно пред кампањата почнал да ги раскопува улиците.
„Ова не е локална власт што работи за граѓаните. Недовршена канализациска мрежа во сите населени места, улици ветени, а недоизградени. Ветувања за клучка кон автопатот, полициска станица, проширување на детската градинка, мини спортски полигони за пензионери – ништо од тоа не е реализирано. Брвеница остана со празни ветувања. Граѓаните гледаат дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се фали со проекти што не ги направила и се обидуваат пред избори да замачкаат очи дека нешто се работи. Ова е слика на локална власт која мисли на себе и партијата, а не на народот“, истакна д-р Филипче.
Филипче нагласи дека се што досега е вистински вложувано во Брвеница е направено од СДСМ, која секокгаш била на страната на граѓаните и со граѓаните, што го докажа на дело во времето на светски кризи, кога никој не беше оставен сам да се справува со предизвиците.
„Сè што функционира денес во општината е благодарение на проектите обезбедени и поддржани од Владата на СДСМ. Инфраструктурни проекти, водовод и канализација, проекти во образованието и подобрување на јавните услуги сето тоа е резултат на грижата и посветеноста која СДСМ ја има кон граѓаните и секое населено место. И затоа на овие избори, единствено СДСМ нуди реални програми и чесни луѓе кои знаат да работат за граѓаните, а не за тесни партиски интереси“, рече тој.
Лидерот на СДСМ порача дека Брвеница треба да биде општина што функционира, каде институциите се сервис на граѓаните, а не продолжена рака на партијата, со апел до присутните дека за тоа е потребно единство и обединување на сите околу вистинските вредности кои општината ќе ја развиваат.
„Секој што ја сака Брвеница, секој што сака современа, чесна и просперитетна општина, денес треба да се приклучи во ‘Борба за нашиот дом’. Овие избори се многу повеќе од избор на градоначалник и советници – тие се избор меѓу два концепта: чесна работа и визија или празни ветувања, застој и партиски калкулации. Секој глас е важен, секој глас може да ја врати надежта и да ја осигура иднината на Брвеница“, нагласи Филипче.
Тој ги увери граѓаните дека со поддршка на Светлана Митреска Анџелскоска и советничката листа на СДСМ предводена од Јовица Радески, Брвеница ќе добие локална власт што работи за граѓаните, ќе создаде услови за развој на младите и семејствата, ќе обезбеди достоинствен живот за пензионерите и ќе ги реализира капиталните проекти што се клучни за иднината на општината.
„Светлана Митреска Анџелскоска и советничката листа на СДСМ се луѓе што нема да ве изневерат. Тие нема да заборават утредента по изборите на проблемите на граѓаните, туку ќе работат чесно, одговорно и посветено. Патриотизмот не е во големи зборови, туку во дела што ги градат заедницата, во посветеност на младите, пензионерите и секој граѓанин. Ова е нашата борба, ова е нашиот пат“, заклучи д-р Филипче.
Клучните капитални проекти кои Светлана Митреска Анџелскоска која ги најави пред пристутните на денешната граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом” во општина Брвеница, се пречистителна станица, изградба на Дом на културата и Дом за стари лица, проекти што ќе ја трансформираат Брвеница и ќе создадат услови за достоинствен живот. Освен капиталните проекти, нејзината визија предвидува системски промени во општината: зголемување на капацитетите на детската градинка, создавање простор за рекреативни и едукативни активности за младите, поддршка на младите брачни парови и семејствата со мали деца, мотивирање на жените да започнат сопствен бизнис, како и активно вклучување на младите во креирањето на локалните политики и економски развој.