Спорт
Барселона води интензивни преговори со Влаховиќ
Душан Влаховиќ (25), напаѓач на Јувентус и српската репрезентација и најскапиот фудбалер во историјата на таа земја, би можел да се пресели во Барселона во јануари.
Италијанските и шпанските медиуми пишуваат дека преговорите меѓу актуелниот шампион на Шпанија и централниот напаѓач на Јуве започнале во летниот преоден рок, но разговорите меѓу спортскиот директор на Барса, Деко, и менаџерот на Влаховиќ, Дарко Ристиќ, се интензивирале во последно време.
Истите извори додаваат дека се очекува преговорите да станат уште поконкретни до јануари. Причината за ова е што договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на лето.
Планот на Деко е да го донесе наредното лето без обесштетување, но доколку постои шанса да го добие напаѓачот по дисконтна цена во јануари, тогаш во игра е и таа опција.
Влаховиќ е интересен за Барселона од две причини. Поради тешката финансиска ситуација бара напаѓач за кого ќе плати минимално или никакво обештетување. Исто така, клубот мора да најде напаѓач бидејќи договорот на Роберт Левандовски исто така истекува на лето, а тој има 37 години и штотуку претрпе сериозна повреда.
Затоа Барса го гледа Влаховиќ, кој е 12 години помлад и лесно достапен, како совршена замена за полската легенда.
Покрај тоа, Влаховиќ веќе некое време сака да го напушти Јувентус. Јувентус го донесе од Фиорентина во јануари 2022 година со надомест од 83,5 милиони евра, што го прави најскапиот српски фудбалер на сите времиња. Оттогаш, Влаховиќ постигна 62 гола и на 153 натпревари за Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сопругата на Рафиња полуде поради ФИФА: Дали мојот сопруг е кошаркар?
Додека Усман Дембеле ја славеше наградата на ФИФА за 2025 година, во Барселона се крена вистинска бура. Сопругата на Рафиња, бразилскиот напаѓач на каталонскиот клуб, јавно го изрази своето незадоволство, затоа што нејзиниот сопруг не е во идеалниот тим на светот.
На церемонијата во Доха, Дембеле од ПСЖ беше прогласен за најдобар фудбалер, додека Луис Енрике стана тренер на годината.
Речиси половина од играчите од ПСЖ беа во идеалните 11, вклучувајќи го и Донарума, кој сега е во Премиер лигата. Во првите единаесет се уште: Нуно Мендес, Хакими и Витиња, а тука се и Педри од Барселона, Белингам од Реал, Палмер од Челзи, Мбапе и Ламин Јамал.
Сепак, отсуството на Рафиња предизвика вистинска бура. Неговата сопруга не го криеше своето незадоволство:
„Како за Рафиња, кој постигна 62 гола на 64 натпревари оваа сезона, нема место во идеалните единаесет? Мислевте дека е кошаркар? Ова е голема неправда“.
Foto/ depositphotos
Natalia Rodrigues Belloli didn’t hide her frustration after Raphinha was left out of The Best FIFA Men’s XI 😡👀
🗣 '62 G/A… But he didn’t deserve to be included in the XI' pic.twitter.com/si9Hqc8YsY
— OneFootball (@OneFootball) December 16, 2025
Спорт
(Видео) Еден од најголемите боксери на 21 век замина во пензија
Еден од најголемите боксери на својата генерација, непоразениот светски шампион Теренс Крофорд, објави крај на импресивна кариера.
Одлуката доаѓа по три месеци откако ги обедини титулите во супер средна категорија со победата против Канело Алварез.
38-годишникот од Небраска, кој ја победи мексиканската легенда со доминантен настап во Лас Вегас во септември, ја сподели својата одлука со јавноста преку видео на социјалните мрежи.
„Се повлекувам од натпреварувањето, не затоа што завршив со борбата, туку затоа што добив поинаков вид битка“, рече Крофорд и дополни:, „Тааа каде што си заминуваш по свои услови“.
Крофорд (42-0, 31 нокаут) се повлекува како актуелен шампион во супер средна категорија на ВБА, ИБФ и ВБО. Професионалната кариера на Крофорд траеше три децении.
Тој дебитираше во 2008 година и брзо се етаблираше како еден од највозбудливите таленти во боксот.
Ја освои својата прва светска титула, круната во лесна категорија на ВБО, во 2014 година, победувајќи го Шкотланѓанецот Рики Барнс.
Вкупно, тој освои 18 светски титули во пет тежински категории, а врвот го достигна со триумф над Алварез.
Се пензионира со неверојатно достигнување, никогаш во текот на своите борби, не бил во нокдаун.
Сите 42 негови победи беа со едногласна одлука или прекин, и интересно е што ниту еден судија никогаш не бодувал резултат во корист на неговиот противник во текот на целата кариера на Крофорд.
Foto/ freerangestock
Спорт
ПСЖ и Фламенго во борба за Интерконтиненталниот куп
Пари Сен Жермен и Фламенго ќе се сретнат, денес во 18:00 часот, во големото финале на Интерконтиненталниот куп во Катар, на стадионот „Ал Рајан“. Додека француските шампиони го бркаат првиот светски трофеј во историјата на клубот, бразилскиот великан има можност да се искачи на светскиот трон по втор пат по повеќе од четири децении.
Дуелот во Доха носи судир на европски и јужноамерикански фудбал, но и огромен влог за двата тима. Пари Сен Жермен игра во финалето на Интерконтиненталниот куп за прв пат, бидејќи како актуелен победник на Лигата на шампионите, избори директно место во финалето на натпреварувањето.
Тимот на Луис Енрике сака да ја круниса европската доминација и да стигне до првиот светски трофеј.
Сепак, сезоната, барем засега не оди онака како што посакуваат „Светците“. Во текот на летото, тие останаа без еден трофеј, бидејќи Челзи ги победи со 3:0 во финалето на Светското клупско првенство, додека во домашното првенство заостануваат еден бод зад Ленс по 16 одиграни кола.
Сепак, ПСЖ пристигнува во Доха во солидна форма и е непоразен во последните три натпревари во сите натпреварувања, со два натпревари без примен гол.
Интересно е што последниот пат кога играа финале во Катар, тоа беше почеток на една од најуспешните години во историјата на клубот.
Во Доха, го победија Монако (1:0) и го освоија Трофејот на шампионите, а до крајот на годината кренаа уште три пехари.
Патем, ова ќе биде втората средба на ПСЖ со бразилски клубови, првпат играа ова лето, кога беа поразени од Ботафого (0:1) во групната фаза на Светското клупско првенство.
По долга низа години, Фламенго е повторно во финалето на Интерконтиненталниот куп. Бразилскиот великан стигна до финалето со победата над Пирамидас (Египет) со 2:0.
Клубот од Рио има шанса да го освои вториот Интерконтинентален куп во историјата, прв и единствен пат кога успеаја да го сторат тоа во 1981 година, кога го декласираа Ливерпул со 3:0 во Токио.
Фламенго во среда го брка четвртиот светски трофеј и третиот оваа сезона, откако веќе ги освоија Челинџер купот и Дерби Америка. Тимот предводен од Филипе Луис има само еден натпреварувачки пораз од ноември, а во рок од само седум дена, ги освоија и Копа Либертадорес и титулата бразилски шампион.
Фламенго е непоразен на последните три гостувања, иако на три од претходните четири натпревари надвор од својот стадион, останаа без сите три бода.
Ова ќе биде нивниот прв официјален натпревар против француски клуб. На последното Светско клупско првенство, тие го победија подоцнежниот шампион Челзи (3:1), но беа елиминирани по поразот над Баерн (2:4).
ПСЖ ќе биде ослабен поради отсуството на Ашраф Хакими, кој има повреда на глуждот.
Добрата вест за Парижаните е враќањето на голманот Лукас Шевалие, додека Усман Дембеле е повторно достапен откако го пропушти првенствениот натпревар против Мец.
Фламенго веројатно ќе биде без Алан, кој се опоравува од повреда на петицата, додека настапот на Педро е под знак прашалник поради проблем со подлактицата.

