Спорт
Сакал да го купи Евертон, сега е обвинет за измама вредна над 500 милиони

Еден од основачите на инвестициската фирма „777 Partners“, која се обиде да го купи Евертон, е обвинет за наводна измама на инвеститори за повеќе од 500 милиони долари.
Наводно, Џош Вандер користел лажни финансиски документи за да донесе пари во „777 Partners“. Барем така велат федералните истражители од Њујорк.
Групата „777 Partners“ се обиде во јуни 2024 година да го купи Евертон, но тој обид неславно пропадна.
„Вандер ја користеше својата инвестициска фирма, „777 Partners“, за да ги измами приватните инвеститори и инвеститорите за стотици милиони долари, презентирајќи финансиски документи што се состоеја од фалсификувани банкарски извештаи и лажно претставувајќи ја финансиската состојба на фирмата во која тој беше ко-сопственик“, рече обвинителот Џеј Клејтон.
Специјалниот агент кој ја водеше истрагата, Рики Џ. Пател, рече дека Вандер ги фалсификувал финансиите на компанијата за да изгледа стабилна и дека злоупотребите биле долготрајни, а вистината била де ка фирмата е кула од карти.
Според инспекторите, сè започнало во 2018 година, кога Вандер почнал да инвестира во „нови сектори со помали финансиски текови, вклучувајќи платформи за стриминг, авиокомпании и професионални спортски тимови како Севилја и Џенова“.
Инспекторите наведуваат дека сè што направил Вандер го направил знаејќи дека компанијата или нема пари или веќе била во долг кон инвеститорите, и дека се обидел да има корист од тоа.
Вандер е обвинет за заговор за извршување тешка измама, тешка измама и заговор за извршување измама. Секоја од овие три точки носи максимална казна од 20 години затвор. Тој е обвинет и за заговор за извршување безбедносна измама, што е казниво со максимална казна од пет години затвор.
Адвокатот на Вандер, Џордан Естес, рече дека неговиот клиент ги негира обвинувањата и рече дека станува збор за „деловно недоразбирање што некој сака да го претстави како измама“ и дека ќе направи сè што може за да докаже дека неговиот клиент е во право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Еден корнер доволен за триумф на Арсенал кај Фулам

Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам во малото лондонско дерби со 1:0 и повторно го зазедоа врвот на табелата.
Стрелец на единствениот гол на теренот покрај Темза беше Леандро Тросар, кој во 58-та минута во метежот се снајде најдобро, по еден корнер и го пронајде патот до мрежата.
Goal by Leandro Trossard pic.twitter.com/hnzUwNSZ2o
— Sport Klub (@sportklub) October 18, 2025
Тоа беше момент на одлука во натпревар кој беше претежно „еднонасочна улица“, и дури и тогаш можеше да се почувствува дека токму овој гол ќе направи разлика.
Играчите на Фулам не упатија ниту еден удар кон голот на гостите. Патем, ова е прв пат од ноември 2003 година ривалот на Арсенал да нема ниту еден удар во голот.
Премиер лига, 8. коло
Сабота:
Нотингем Форест – Челзи 0:3 (0:0)
(Ачиампонг 49, Нето 52, Џејмс 84)
Брајтон – Њукасл 2:1 (1:0)
(Велбек 41, 84 – Волтемаде 76)
Бернли – Лидс 2:0 (1:0)
(Угочукву 18, Чауна 68)
Кристал Палас – Борнмут 3:3 (0:2)
(Матета 64, 69, 90+7.п – Крупи 7, 38, Кристи 89)
Манчестер Сити – Евертон 2:0 (0:0)
(Халанд 58, 63)
Сандерленд – Вулверхемптон 1:0 (1:0)
(Мукиеле 16)
Фулам – Арсенал 0:1 (0:0)
Тросар 58
Недела:
15.00 Тотенхем – Астон Вила
17.30 Ливерпул – Манчестер Јунајтед
Понеделник:
21.00 Вест Хем – Брентфорд
Спорт
(Видео) Баерн е без конкуренција во Германија, во дербито ја победи Борусија

Во големото дерби на германскиот фудбал, Баерн ја победи Борусија Дортмунд (2:1) и го задржа максималниот учинок во Бундеслигата, седум победи во исто толку кола.
Во претходните три дуели, Баварците против „милионерите“, забележаа два нерешени резултати и еден пораз, но во саботата успеаја да го прекинат постот што траеше од ноември 2023 година.
Хари Кејн го постигна својот 12-ти гол во сезоната со удар со глава во 22-та минута по корнерот што го изведе Кимих.
Во 79-та минута, Михаел Олисе успеа да ја зголеми предноста на актуелниот шампион.
Само пет минути подоцна, Јулијан Брант го намали резултатот на 2:1, но не можеше да го спречи првиот пораз на Дортмунд во лигата.
Од друга страна, Баерн ја забележа својата 11-та последователна победа во сите натпреварувања.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ го загуби маратонскиот прв сет, па на Фриц му го предаде мечот

Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времиња, го освои четвртото место на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад.
Во саботата навечер во „АНБ Арена“ во Ријад, Ѓоковиќ играше против Американецот Тејлор Фриц, но по одличниот прв сет, реши да го предаде дуелот, очигледно поради физички проблемим иако изгледаше многу добро во 76-те минути поминати на теренот.
Фриц, моментално четвртиот играч во светот, го доби првиот сет со 7:6 (4), и покрај тоа што насмевката беше цело време на лицето на Новак, конечната одлука беше да се предаде. Српскиот тенисер загуби од Јанис Синер со 2-0 во полуфиналето пред два дена.
Публиката во Ријад навистина можеше да ужива во мнечотт меѓу двајца рамноправни ривали.
Заедно, тие прокоцкаа дури 14 брејк топки (Ѓоковиќ пет, Фриц девет), а десеттиот и единаесеттиот гем беа маратонски. При водство од 5:4, Новак имаше четири сет-топки, сепак, Фриц успеа да „преживее“ сè и малку подоцна да го добие тајбрејкот.
Novak Djokovic has retired against Taylor Fritz after losing the first set 7-6.
Following the match, Djokovic said it was "one of the longest sets he ever played." #FritzDjokovic#AlcarazSinner is next up, LIVE now on Netflix! pic.twitter.com/tFCeDphVvH
— Netflix Sports (@netflixsports) October 18, 2025