Спорт
„Пирло не го сакаше Роналдо во Јувентус“

Андреа Пирло, кој го презеде Јувентус во 2020 година со големи очекувања, всушност не го сакал Кристијано Роналдо во тимот, тврди неговиот поранешен помошник Алпарслан Ердем.
Во интервју за турските медиуми, Ердем откри претходно непознати детали за тензиите во клубот, кои, според него, директно влијаеле на резултатите.
„На Пирло не му се допаѓаше Роналдо, но не можеше ништо да направи. Ги анализираше податоците, тие покажаа дека Роналдо има најслабо трчање и најлош пресинг во тимот“, рече Ердем.
Тој додаде дека Пирло имал јасна тактичка визија заснована на формација 4-4-2, во која гледал повеќе простор за Алваро Мората отколку за португалската суперѕвезда.
„Пирло не го сакаше Роналдо во тимот, но едноставно станува збор за Кристијано Роналдо. Не можел да го извади. Мората му одговараше повеќе затоа што се вклопуваше во системот. Тој план на игра едноставно не функционираше ниту со Роналдо ниту со Дибала, но неговите раце беа врзани.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Има ли физиката објаснување за овој гол на Воробјов

Големото дерби во Русија, дуелот меѓу градските ривали Локомотив и ЦСКА заврши со победа на „железничарите“ (3:0).
Доминацијата на домашниот тим на овој натпревар беше очигледна, но сите зборуваат за она што го направи напаѓач Дмитриј Воробјов.
Во втората половина од првото полувреме, тој изведе нешто што досега во историјата на фудбалот, веројатно му успеа само на Роберто Карлос.
Тој успеа да ја испрати топката директно во голот на ЦСКА, од корнер знаменцето. Воробјов од десната срана шутираше со десна нога.
Вон сите закони на физиката, Воробјов постигна гол кој сигурно ќе конкурира за наградата „Пушкаш“.
An astonishing winner from Lokomotiv against CSKA today in today's Russian Premier League game. Have you ever seen anything like this before? pic.twitter.com/UbRi13NJdx
— Brian McDonald (@27khv) October 18, 2025
Спорт
Кари повеќе не е играч на Голден Стејт

Невообичаена одлука донесоа челниците на Голден Стејт Вориорс пред почетокот на новата НБА сезона.
Клубот од Сан Франциско одлучи да се раздели со Сет Кари, помладиот брат на најголемата ѕвезда на франшизата, Стеф Кари, само 18 дена откако тој потпиша договор со тимот.
Како што објавија бројни медиуми во Соединетите Американски Држави, причината за оваа одлука е од финансиска природа, бидејќи Вориорс моментално се на врвот на „втората линија“ на данокот на луксуз, што им претставува сериозен проблем да ги задржат сите 15 играчи во составот.
Оваа одлука на челниците на клубот е всушност „модел на премостување“, бидејќи Сет Кари би можел да се врати во тимот во текот на сезоната, штом ќе се ослободи место во тимот, а за ова веќе е постигнат устен договор меѓу двете страни, а се очекува такво нешто да се случи кон средината на ноември.
Искусниот Кари ја помина минатата сезона со Шарлот Хорнетс, каде што постигнуваше просек од 6,5 поени за 16 минути по натпревар.
Новата сезона на НБА лигата започнува на 21 октомври.
Спорт
(Видео) Како уличар го славеше голот против Џирона – Флик се соочува со голема казна

Ханси Флик полуде на каталонското дерби кое се играше во деветтото коло од Ла Лига. На крајот од регуларниот дел и при резултат Барселона – Џирона 1:1, судијата Хесус Хил Манзано му сигнализираше на судијата дека ќе се играат четири минути продолженија.
Тренерот на Барселона се налути на тоа, поради што доби два жолти картони. Судијата го испрати Флик на трибините, но Роналдо Араухо постигна гол во четвртата, последна минута од судиското продолжение за драматична победа на актуелниот шампион на Шпанија.
Флик голот за победа го прослави на непримерен начин.
Поради исклучувањето, Флик сигурно е суспендиран за најголемото дерби во следната рунда, кога Барса гостува кај Реал, но поради непримерната прослава, медиумите пишуваат дека тој ќе се соочи со поригорозна казна и подолга суспензија.
Hansi Flick’s reaction to Barcelona’s late winner against Girona
byu/Nemlokt insoccer